Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Акција на МВР и УЈП во полошкиот и пелагонискиот регион
Во Фокусот

Акција на МВР и УЈП во полошкиот и пелагонискиот регион

ноември 19, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Полицијата и УЈП со нова викенд акција во угостителските објекти. Овој пат во Тетово, Гостивар, Битола, Велес и Прилеп. Приведени вкупно 26 лица, а 19 објекти добија пломби на вратите за непочитување на законските прописи. Во Тетово и Гостивар се регистрирани најголемиот дел од законските прекршувања.

„Контролите почнаа во различен временски интервал, после 22 часот, како што беше случајот во Прилеп и продолжи се до раните утрински часови на подрачјето на СВР Тетово и СВР Велес. При изввршените контроли на 19 објекти од страна на УЈП и Државниот пазарен инспекторат, изречени се мерки  забрана за вршење на дејност во траење од 15 или 30 дена, поради непочитување на законските прописи, согласно Законот за готовинско плаќање односно неиздавање на фискални сметки. “ – вели Лазе Велковски – директор на БЈ.

Од приведените, 16 се македонски државјани кои поседувале дрога или не носеле документи за лична идентификација, додека 10 се странски државјанки од Србија и Црна Гора поради злоупотреба на туристички престој и нерегулиран престој во земјава. За време на акцијата, затекнати се тројца обезбедувачи без легитимации, но директорот на БЈБ не сакаше да открие во која агенција за обезбедување се вработени. За агенциите најави информации по завршувањето на истрагата. По реакцијата на здржението на угостители Хорекапи дека специјалци ги плашат гостите, Велковски беше прашан зошто во некои локали беа забележани и специјалци. Директорот на БЈБ одговори дека за дел од локалите имале безбедносна проценка за можни насилства.

„Ние во сите тие објекти не влеговме со припадници од одделот за специјални полициски операции, туку со нив влегуваме онаму каде што врз основа врз претходна безбедносна анализа ќе се утврди дека безбедноста е во ризик.“ – вели Велковски.

Во полицискиот билтен МВР информираше и за еден повреден полицаец во Крива Паланка, токму при проверка на угостителски објект. По синоќешната акција, реагираше опозицијата обвинувајќи ја владејачката партија злоупотребата на институциите за изнудување пари.

„Доцна синоќа на удар беа локали во Прилеп и Битола кои немаат врски или не платиле некому од локалното раководство на СДС или директно кај Вицето. Кој им јави за инспекциите на оние на кои не им беа пишани казни?“

Минатата сабота, полицијата ги проверуваше локалите во главниот град, а од 24 проверени локали, 13 завршија со пломбирани врати.

актуелно билтем. прилеп битола бјб мвр СДС
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.