Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » АКЦИЈА „ТИВКА НОЌ“: Уапсени петмина германски десничари, планирале државен удар
Во Фокусот

АКЦИЈА „ТИВКА НОЌ“: Уапсени петмина германски десничари, планирале државен удар

јануари 26, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Членови на екстремно десничарска група, предводена од 75-годишен пензионер, се соочуваат со обвиненија за велепредавство, за заговор за киднапирање на германскиот министер за здравство и за соборување на владата.

Главното државно обвинителство во Карлсруе во понеделникот поднесе обвинение против петмина членови на движењето „Граѓани на Рајхот“ за подготовка на терористички напади и обид за киднапирање на актуелниот министер за здравство, Карл Лаутербах.

„Обвинетите се товарат дека во јануари 2022 година се здружиле во терористичка организација со цел да извршат напади врз објекти во Германија, да шират страв и да предизвикаат ситуација која би наликувала на граѓанска војна“, се вели во обвинението на главниот државен обвинител.

Идентификувана само како Елизабет Р., во склад со германскиот правен систем, 75-годишна жена, евангелистички теолог и пензионирана свештеничка и учителка од источната покраина Саксонија е осомничена дека е „мозок на операцијата“.

Таа и уште четворица германски државјани имаа намера да извршат саботажа на германската електрична мрежа и да го прекинат снабдувањето со струја за да создадат услови слични на граѓанска војна.

Акцијата наречена „Тивка ноќ“ би била спроведена со помош на графитна бомба поставена во трафостаница која би предизвикала верижна реакција низ целата земја.

Во настанатиот хаос, членовите на групата планирале да извршат државен удар. Главна цел бил германскиот министер за здравство – „централниот непријател“ на крајно десничарските кругови во земјата, поради строгите мерки што ги воведе во борбата против пандемијата со корона вирусот.

Десничарска група планирала да ги убие телохранителите на министерот и да го грабне Лаутербах.

Актер било планирано да го глуми канцеларот Олаф Шолц или претседателот Франк-Валтер Штајнмаер и во телевизиско обраќање до нацијата да соопшти дека владата е соборена и дека Уставот од 1871 година, годината на обединувањето на Германија под пруска власт, е повторно воспоставена. Потоа би се одржало „конститутивно собрание“ на кое би се назначил лидер.

Елизабет Р., која германските медиуми ја нарекоа „Терор-Ома“ (Терор-баба), беше уапсена на 14 октомври во Саксонија поради, наводно, планирање да поттикне граѓанска војна и да ја врати пруската монархија.По апсењето, нејзините соседи за „Билд“ изјавија дека таа била мошне повлечена жена.

„Ретко ја гледав. Навечер знаеше да работи во градината со мала ламба на глава“, изјавил жител на градот Флоха, Александар Мус.

Но, додека Елизабет на своите соседи им изгледаше како повлечен чудак, таа била многу присутна на Интернет.

Била член на т.н „Граѓани на Рајхот“, мрежа на германски монархисти кои не го признаваат постоењето на Сојузна Република Германија и нејзините институции.

Целта на оваа група е рушење на демократскиот поредок на СР Германија и воспоставување на авторитетен режим по моделот на Германската империја.

Германскиот „Т-Онлајн“ дознава дека многумина во овие кругови биле свесни за заговорот и активно ја обесхрабрувале, но „грофицата“, како што ја нарекле Елизабета, сепак продолжила со планот.

„Билд“ известува дека необичните памфлети, кои радикалната пензионерка ги објавувала на Интернет, довеле до тоа да и се прекине пензијата.

Во памфлетите таа пишувала за „цунами на баратели на азил“, „силување и колење“ и „тајно преобликување на мозочните структури“ преку „родова идеологија, дигитализација и 5Г“.

Исто така, опширно пишувала за тоа дека Версајскиот договор и Вајмарскиот устав се нелегални и дека Германија сè уште е монархија.

Во образложението за укинување на пензијата се наведува дека Р. „како пензионер активно делувала против слободниот демократски поредок “.

Елизабет Р. и уште четворица мажи се уапсени во текот на минатата година на различни локации во Германија.

Полицијата пронашла калашников и нацистичка „СС“ униформа во една од куќите на осомничениот – Свен Б., 54-годишен сметководител кој бил припадник на источногерманската војска.

Свен дал долго признание, велејќи дека верувал оти делови од полицијата и вооружените сили на Бундесверот ќе го поддржат заговорот и планирал да побара одобрение од рускиот претседател Владимир Путин за „новата влада на германскиот Рајх“.

Неговиот адвокат рекол дека Свен Б. не знае дали руската влада била информирана за планот.

Останатите членови се именувани како Мајкл Х., Томас К. и Томас О. Тие имале различни задачи, вклучувајќи набавка на оружје и експлозиви од поранешна Југославија и регрутирање нови членови.

Заговорот бил откриен откако се обиделе да купат оружје од полицаец на тајна задача.

Елизабет Р. е обвинета дека била идеолошки и организациски лидер и дека на другите членови им дала рокови за набавка на експлозиви и оружје, тврдат обвинителите.

Германската федерална канцеларија за заштита на уставот проценува дека во 2022 година имало 23.000 членови на т.н.

„Граѓани на Рајхот“, во споредба со 21.000 една година претходно. 2.100 од нив се сметаат за потенцијално насилни.

Холгер Шмит, експерт за тероризам, за германската телевизија изјави дека постоењето на онлајн група која изразила желба да ја соборат германската влада не е невообичаено, но дека тие обично немаат вистинска намера да ги спроведат своите планови во дело.

„Но, со оваа група, истражителите сериозно ги сфаќаат нивните закани, особено откако беше откриено дека поседуваат огнено оружје и се обидуваат да добијат експлозивен материјал“, изјави Шмит за АРД.

 

 

 

 

 

 

(Фото: АФП)

актуелно војна германија Рајх тероризам Тивка ноќ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.