Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » АЛАРМ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Глечерите се намалуваат со неверојатна брзина
Во Фокусот

АЛАРМ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Глечерите се намалуваат со неверојатна брзина

септември 29, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Швајцарските глечери буквално исчезнуваат. Вкупно 10 отсто од нивниот волумен на мраз го снема за само две години бидејќи комбинацијата од мала количина снежни врнежи и растот на температурите предизвикаа топење без преседан, покажуваат податоците објавени вчера.

Во 2023 година, глечерите во таа земја изгубија 4 отсто од својот вкупен волумен, според податоците на Швајцарската комисија за набљудување на криосферата при Швајцарската академија на науките.

Ова ниво на топење е второ после рекордот поставен минатата година, кога снема шест проценти од мразот. За илустрација, глечерите во Швајцарија во овој двегодишен период изгубија онолку мраз колку што беа изгубени во трите децении помеѓу 1960 и 1990 година.

„Загубите што ги видовме во 2022 и 2023 година едноставно се неверојатни и го надминуваат сето она што сме го доживеале досега“, вели Матијас Хус, шеф на Мрежата за следење на глечерите (ГЛАМОС), организација која собира и проценува податоци за глечерите и соработува со Академијата на науките на Швајцарија.

„Иако глечерите постојано и брзо со децении ја губеа масата, ова е огромно забрзување“, изјави тој за Си-Ен-Ен, додавајќи дека ваквите екстреми „би биле невозможни без климатските промени“.

Две екстремни години доведоа до колапс на јазиците на глечерите и целосно исчезнување на многу мали глечери во земјата.

Глечерот, на пример, Сент Анафирн, во кантонот Ури во централна Швајцарија, се намали толку многу што ГЛАМОС престана да го следи. Исчезнувањето на мразот е забележано и на големи надморски височини, каде вообичаено нема такви загуби. Неколку метри мраз исчезнаа во јужен Валаис и долината Енгадин на височини поголеми од 3.200 метри, наведуваат од ГЛАМОС.

Тие загуби, кои ги погодуваат глечерите низ целата земја, дојдоа по зимата со многу мали количини снег.Нивото на снег во втората половина на февруари достигна рекордно ниско ниво, само околу 30 отсто од повеќегодишниот просек.Потоа следеше лето со високи температури – многу топол и сув јуни, што, според ГЛАМОС, предизвика топење на снегот две до четири недели порано од вообичаеното.

Во август, метеоролошкиот балон што го лансираше националната метеоролошка служба МетеоСвис (MétéoSuisse) мораше да се искачи на надморска височина од 5.298 метри за температурата да се спушти до 0 степени Целзиусови, што го означи највисокото ниво на „нула степени“ од почетокот на мониторингот.

Поради високите температури, кои продолжија и во септември, летните снежни врнежи брзо се стопија.

„Масовното топење на глечерите во последните две години има сурови импликации.

Тоа значи значително преобликување на високиот алпски пејзаж“, предупредува Хус.

„Топењето на мразот ствара опасни услови со нестабилни карпи кои се закануваат со опасни одрони. Повлекувањето на глечерите исто така води до мрачни откритија. Во јули беа пронајдени посмртните останки на германски алпинист кој исчезна пред 37 години додека планинареше по глечер во близина на познатиот швајцарски Матерхорн. Постојат, мора да се признае, и – иако само привремени – предности, затоа што истекувањето на водата од глечерите помогна да се ублажи сериозноста од проблемите со сушата која ја доживеа земјата и да се пополнат акумулациите“, вели Хус.

„Сепак, оваа придобивка е минлива и краткотрајна.

Како што се намалуваат, глечерите брзо ја губат својата важна улога како извор на вода кога на луѓето им е потребна. Тоа ќе ја влоши состојбата со недостиг на вода за време на топлотните бранови во блиска иднина“, додаде тој.

Долгорочната слика за швајцарските глечери е алармантна.

„Глечерите на Алпите ќе продолжат масовно да се намалуваат и ќе се повлекуваат кон највисоките планински врвови“, истакнува Хус.

Во јуни, швајцарските гласачи се согласија со нов закон за значително намалување на нивото на загадување што предизвикува затоплување на планетата, а поттикот за тоа дојде од климатските групи кои бараат укинување на фосилните горива за да се спасат глечерите.

Но, времето истекува бидејќи климатските промени се забрзуваат.

Неодамнешните истражувања покажаа дека дури и да се исполнат амбициозните климатски цели, до крајот на векот може да исчезнат до половина од светските глечери.

актуелно Вода глечер мраз снег суша швајцарија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.