Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Алаѓозовски се сретна со бугарскиот министер за култура
Македонија

Алаѓозовски се сретна со бугарскиот министер за култура

јуни 22, 2017Updated:јуни 23, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во рамки на дводневната посета на Република Бугарија на делегацијата на Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев на 20 и 21 јуни 2017 година, министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, оствари средба со бугарскиот министер за култура Боил Банов, соопштија денеска од Министерството за култура.

На средбата било посочено дека соработката во обласка на културата има традиционален карактер и е регулирана со Спогодбата за културна соработка меѓу Владите на двете земји од мај 2000 година, како и со Програмата меѓу двете Министерства, кои се потпишуваат на три години. Во тој контекст, министрите за култура најавија дека најновата програма за соработка во областа на културата за периодот 2017-2019 година ќе се потпише во текот на есента.

Алаѓозовски и Банов разговарале за соработката, која се одвива во сите дејности од културата. Бугарскиот министер Банов, се заложил посебен акцент во идните односи да биде ставен на културниот туризам. Министерот Алаѓозовски истакна дека треба да се унапредат и билатералните проекти, кои се поддржуваат од програмите на Европската Унија. При тоа, тој посочил дека капацитетот на македонско-бугарските партнерства не е искористен во мултилатералните проекти, кои се финансираат од програмата на ЕУ „Креативна Европа“.

Освен на билатерален план, двете земји остваруваат одлична соработка и мултилатерален план, како членки во Меѓународната фондација „Форум на словенските култури“, во Советот на министри од Југоисточна Евроопа, а се реализираат и заеднички проекти во рамките на соработката со УНЕСКО. Во оваа смисла, Алаѓозовски му ја изложил на својот бугарски колега, идејата, Советот на министри да се разбие по добриот пример на Нордскиот совет на министри за култура, кој имаат и заеднички канцеларии и фонд за поддршка на проекти.

На средбата се разговарало и за Иницијативата „16+1“ на Кина и НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа, при што министерот Алаѓозовски побарал од министерот Банов и Република Бугарија да ја дадат својата поддршка за предлогот идниот Координативен центар за култуна соработка меѓу овие земји да биде востановен во Скопје. Алаѓозовски инфоримаше дека досега поддршка за отварање на овој Центар во Скопје е добиена од 10 држави, и тоа од Албанија, Босна и Херцеговина, Естонија, Латвија, Литванија, Црна Гора, Полска, Словачка, Словенија и Унгарија, а дека се уште не се изјасниле Бугарија, Хрватска, Чешка, Романија и Србија.

Министерот Банов со задоволство ја поздравил иницијативата, и соопштил дека ќе даде поддршка за овој предлог, се вели во соооштението од Министерството за култура.

Боил Банов култура Роберт Алаѓозовски соработка спогодба
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат

мај 22, 2026

Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали

мај 21, 2026

ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра

мај 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.