Десет проекти од годишната програма на Министерството за култура, со вкупна вредност од осум милиони и 500.000 денари, за кои имаше реакции во јавноста и за кои беше побарана ревизија се повлечени по проверката што ја направи Комисијата од Министерството, информира денеска министерот за култура, Роберт Алаѓозовски.
„Во овој момент комисиите ги разгледуваат и одлучуваат по однос на приговорите. Начинот на кој ќе можеме да одговориме на приговорите ќе зависи од достапните средства што ќе ги имаме на располагање“, појасни Алаѓозовски
Во однос на најавата на градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, за отстранување на четири споменици, министерот рече дека тоа е работа на Општината и додаде дека во случајот се работи за споменици од проектот „Скопје 2014“.







