Албански државјанин бил уапсен вчера на скопскиот аеродром. Во 13:00 часот на Граничен премин Аеродром Скопје, на излез од РМ, поради основано сомнение за сторено кривично дело „Фалсификување исправа“, приведен е 43-годишниот С.Р. од Дибар, Република Албанија.
При извршениот преглед, кај него била пронајдена британска возачка дозвола, банкарска картичка на име T.P. и албанската патна исправа.
Лицето е приведено за понатамошна постапка.







