Александар Наумоски е именуван за нов директор на затворот „Скопје“. Тој на директорското столче ќе го замени досегашниот прв човек Александар Ѓеоргиевски, кој повеќе од три години управува со затворот.
Наумоски е дипломиран правник, магистер по уставно право – човекови права и поранешен соработник во Бирото за застапување на РМ пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Во 2013 година на последните локални избори Наумовски беше канидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров од редовите на СДСМ.







