Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Алкалоид“ забележал позитивни финансиски резултати минатата година
Економија

„Алкалоид“ забележал позитивни финансиски резултати минатата година

февруари 28, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Алкалоид“ забележал раст на консолидираните продажби за 13 проценти и раст на консолидираната нето добивка од 18 проценти минатата година. Инвестициите биле во износ од нас една милијарда денари и отворени биле нови 218 работни места.

Според податоците што ги објави „Алкалоид“ вкупните консолидирани продажби во периодот од јануари-декември биле 11.102.808.123 денари.

Консолидираните продажби на домашниот пазар се зголемени за осум проценти, а вкупниот консолидиран извоз е зголемен за 17 проценти. Од вкупните консолидирани продажби, 35 проценти се остварени на домашен пазар, а 65 проценти на странските пазари. Во земјите од Југоисточна Европа се остварени 33 проценти, во земјите од Западна Европа 20 проценти, во Русија и другите земји од Заедницата на независни држави се остварени девет проценти и на останатите пазари се остварени три проценти.

Најзабележителен раст е остварен во САД со продажби од 268.202.851 денари што е два пати повеќе од лани, додека во Русија продажбата била 742.189.553 денари што претставува раст од 91 проценти.

Најмногу се продавале фармацевските производи, по што следуваат козметичките, хемиските и билните производи.

Минатата година компанијата вложила 1.091.631.671 денари главно за проширување на производните капацитети. Новите производствени одделенија ќе се простираат на површина од 7.000 м² и со нив се очекува да се зголемат капацитетите за производство за најмалку 50 проценти.

Вкупниот износ на инвестицијата е проценет на 11 милиони евра, а  комплетирањето на оваа инвестиција е планирано за првата половина од годинава. Со инвестицијата ќе се создаде услови за отворање на околу 200 нови вработувања во фармацевскиот дел.

Годинава се очекува да заврши и проектот за гасификација на локалитетот Алкалоид – Ѓорче Петров, вреден над еден милион евра.

Од компанијата информираат дека минатата година е зголемен и бројот на вработени и оти е одобрена исплата на регрес за годишен одмор во висина од 24.938 денари. Во август лани донесена е и одлука за зголемување на платите со што просечната исплатена нето плата за декември достигнала 46.686,00 денари.

Акциите на компанијата важат за едни од најтргуваните и нивната цена лани се движела од 8.200,00 денари до 11.901,00 денари. Пазарната капитализација на компанијата надминала 17 милијарди денари.

Остварените продажби и остварениот профит, како што посочуваат од „Алкалоид“ го надминале бизнис планот за 2019 година, додека бизнис планот за годинава предвидува инвестирање на околу 14 проценти од консолидираните приходи од продажби во материјални и нематеријални средства, раст од најмалку 7 проценти на консолидираните продажби и раст од најмалку 7 проценти на консолидираниот профит пред оданочување во однос на проекциите за 2019 година.

актуелно позитивен раст раст финансиски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.