Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Алкалоид со донација за студентските и училишните домови во Скопје
Економија

Алкалоид со донација за студентските и училишните домови во Скопје

септември 29, 2020Updated:септември 29, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Заради капацитативната специфика на училиштата и на студентските и училишните домови  во услови на пандемија, за нивното функционирање што подразбира високо ниво на хигиена и честа дезинфекција, компанијата „Алкалоид АД Скопје“ донираше антисептички и дезинфекциски средства вредни близу пет милиони денари.

„Донацијата на средства за дезинфекција од компанијата ‘Алкалоид’ не само што ќе го заштити здравјето на учениците, студентите и вработените туку и ќе го олесни спроведувањето на протоколите. Се надевам дека истите ќе се сфатат сериозно и ќе се почитуваат бидејќи тоа е единствениот начин да ја надминеме оваа состојба и да ги заштитиме нашите најблиски“, изјави Дарио Николовски, директор на „Државен студентски дом“ – Скопје.

Околу предизвиците на отварањето на студентските и училишните домови во вонредни околности, Мила Царовска, министерката за образование и наука, нагласи:

„Навистина ми е драго што во вакви вонредни околности, односно во време кога се соочуваме со пандемија успеавме да најдеме начин да ги отвориме студентските и училишните домови и да обезбедиме сместување на студентите и учениците, коишто ќе ги следат предавањата и праксата со физичко присуство. Огромна благодарност до компанијата ‘Алкалоид’ којашто покажа вистинска општествена одговорност и донираше средства за дезинфекција и за одржување на хигиената во домовите. Во оваа прилика би сакала да ги повикам студентите и персоналот во домовите да ги почитуваат протоколите за заштита, бидејќи само така можеме да го спречиме ширењето на Ковид-19. Да се заштитиме самите себеси, но и нашите најблиски. Со почитувањето на мерките сите заедно допринесуваме за зачувување на јавното здравје“

Од први октомври ќе има далечинско учење наместо конвенционална настава. Ова ќе биде учебна година во која сите чинители во образовниот процес имаат една заедничка цел: спроведување на процесот на едукација и зачувување на здравјето на учениците и студентите преку почитување на предвидените здравствени мерки и протоколи.

„Оваа необична учебна година по многу нешта ќе се разликува од сите досегашни почетоци, но едукацијата е клучен фактор за развој на здраво општество и неминовно е дека ќе мора да се направи адаптација кон новото нормално, имајќи го предвид најважното: здравјето на студентите. Во таа насока, ние како компанија дадовме мал придонес кон адаптација на новите прилики во студентските и училишните домови донирајќи антисептици и средства за дезинфекција. На сите ученици и студенти, во оваа прилика би сакал да им посакам успешен почеток и добро здравје. Вие сте нашата иднина и треба да поставувате исклучителни примери кои треба да се следат. Почитувајте ги мерките за заштита и чувајте се!“, истакна генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид АД Скопје“, Живко Мукаетов.

Донацијата која „Алкалоид АД Скопје“ ја намени за студентските и училишните домови во Скопје се состои од 16.000 литри антисепички средства (полиалкохолен раствор „MEDICAL“ гел и „ЕCOSAL Forte“) и 17.100 литри готов раствор за чистење и дезинфекција („DEZINTAL 0,2%“).

актуелно алкалоид домови донација Студентски училишни
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.