Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Амбасадорката Брнз во посета на компанијата „Алкалоид“
Економија

Амбасадорката Брнз во посета на компанијата „Алкалоид“

октомври 19, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Делегација од Амбасадата на Соединетите Американски Држави предводена од Амбасадорката Кејт Мери Брнз ја посети фармацевтската компанијаа „Алкалоид“ АД Скопје, при што беа запознаени со резултатите од работењето на компанијата,
нејзините пласмани и производните операции.

Како што соопштија од Алкалоид Ад, беа презентирани и бројните инвестиции кои „Алкалоид“ континуирано ги реализира низ годините, како и извозните активности кои се еден од клучните сегменти од корпоративната политика на компанијата.

Акцентот на посетата беше ставен на долгогодишната успешна соработка на компанијата со Соединетите Американски Држави каде ,,Алкалоид АД“ Скопје во 2005 година основаше своја подружница со седиште во Њу Олбани, Охајо.

На ваквиот деловен потег му претходеше успешната деловно-техничка соработка со реномирани компании од САД, трасирани пред повеќе од пет децении.

Во моментов, „Алкалоид“ е партнер од избор на неколку реномирани американски фармацевтски компании со кои има различни форми на соработка, како лиценцно производство, маркетиншко застапување и авторизации за дистрибуција на нивните производи.

Од деловните потфати во САД, особена гордост за „Алкалоид“, се наведува, се
пласманите на чаевите од програмата „Good Nature“.

Во изминатите 15 години компанијата има воспоставено успешна соработка со
американски компании специјализирани за производство и дистрибуција на чаеви и природни лековити производи, како реномираната ,,АВЕДА“, членка на групацијата „Есте Лаудер“, компаниите „Арбон Интернационал“ и ,,Свансон“ кои во 2019 година
надминаа извоз во САД од 5 милиони американски долари, со тенденција за раст.

Амбасадорката Брнз, го истакна своето задоволство од успешното работење на „Алкалоид“ а, како што се наведува, особено беше фасцинирана од обиколката на производните капацитети на компанијата, како и високото ниво на технолошка опременост и човечкиот капитал кој управува со процесите.

На темата човечки капитал, амбасадорката Брнз особено се интересираше за предизвиците со кои компанијата се соочува при регрутација на нови кадри, нивната обученост, способности и вештини кои се потребни да ги поседуваат заради спецификите на дејноста.

„Американската амбасадорка Брнз ги посети и најновите проширени производствени капацитети за чија изградба и опремување компанијата неодамна вложи над 11 милиони евра и чие комплетно пуштање во функција се очекува во претстојниов период“, стои во соопштението од Алкалоид АД Скопје.

актуелно алкалоид Брнз посета
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.