Пратеникот Амди Бајрам вели дека Законот за јазици е уставно неуставен, но сепак треба да се изгласа без одолговлекувања. Така било зацртано и така требало да биде, а тој немал ништо против.
„Не треба да се одолговлекува. Не е некоја голема работа доколку Законот за јазици се излагаса, а нема ниту пречка за тоа. Јас го оценувам законот за уставно неуставен. Надворешниот фактор не притиска, ако сакаме да влеземе во ЕУ и НАТО, мора да се придржуваме кон тоа што тие ќе го кажат. Народот е ставен во психоза, не можеме да просперираме напред без да ги завршиме овие работи“, вели пратеникот Амди Бајрам за „Макфакс“.
Седницата за Законот за јазици беше одложена.







