Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Американскиот Стејт Департмент ја одобри набавката на лесни оклопни возила од типот „STRYKER“ за Армијата на Северна Македонија
Политика

Американскиот Стејт Департмент ја одобри набавката на лесни оклопни возила од типот „STRYKER“ за Армијата на Северна Македонија

март 17, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Американскиот Стејт Департмент ја одобри набавката на 54 лесни оклопни возила од типот „STRYKER“ од страна на Владата на Северна Македонија за потребите врзани со модернизацијата на македонската Армија во согласност со стандардите на НАТО“,
информира Министерството за одбрана.

Набавката во вкупна вредност од околу 210 милиони долари, велат оттаму, е продолжување на веќе започнатиот повеќегодишен проект (2019-2024) за набавка на Лесни оклопни возила (ЛОВ) како главен проект во Долгорочниот план за развој на одбранбените способности (ДПРОС) за модернизација и опремување на Армијата.

„По одлука на Владата на Република Северна Македонија проектот се реализира како повеќегодишен проект во соработка со Владата на САД користејки ја програмата Foreign military sales (FMS), при што се користат и американските фондови ERIP, CRIFF и програмата 333 со што учеството на Владата на САД ќе изнесува околу 20-25 проценти од вкупната сума“, се вели во соопштението од Министерството за одбрана.

Проектот се реализира како договор „Влада со Влада“ со Владата на САД и вклучува набавка од две реномирани компании на воената индустрија на САД и тоа „Oshkosh Defense” и „General Dynamics Land Systems“. Веќе е во тек набавката на платформата JLTV од компанијата „Oshkosh Defense” и до сега се склучени сите аранжмани за набавка на околу 40 возила од оваа компанија.

„Со објавување на одлуката на Конгресот на САД за одобрување на склучувањето на договорот за набавка на ЛОВ „STRYKER“ од компанијата „General Dynamics Land Systems” влегува во финалната фаза на заокружување севкупниот проект за опремување со ЛОВ. Согласно ДПРОС и предвидените национални буџетски средства се планира во првата фаза да бидат набавени околу 20 возила „STRYKER“. Испораката на возилата се очекува да отпочне од 2022 година“, посочуваат од МО.

Од Министерството додаваат дека со реализација на овој проект за опремување и модернизација на Армијата покрај исполнување на побарувањата за интероперабилност произлезени од НАТО пакетот на цели на способности, се овозможува Република Северна Македонија да ги проектира и заштити своите витални и национални интереси.

Во известувањето на Американската агенција за соработка во одбраната, појаснуваат од Министерството за одбрана, стои дека предложената набавка „ќе ја подобри безбедноста на сојузникот во НАТО, што е важна сила за политичка и економска стабилност во Европа, односно ќе ја подобри способноста на Северна Македонија да одговори на сегашните и идните закани со зголемување на оперативните способности, достапноста на силите и унапредувањето на воената соработка”.

„STRYKER“ актуелно армија оклопни возила Стејт департмент
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.