Високата делегација од сојузната држава на САД, Вермонт, предводена од заменик на гувернерот Моли Креј и командантот на Националната Гарда генерал-мајор Грег Најт, денеска ќе го посети Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата.
За време на посетата на Министерството за одбрана и Генералштабот, делегацијата ќе оствари средбa со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, додека генералот Најт ќе се сретне и со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
Генералот Најт ќе им додели значки за посебни заслуги на десет припадници на македонската армија кои покажале висока професионалност во извршување на задачите при заедничките активности кои ги имаме со Националната гарда на Вермонт во изминатите 28 години.
(Фото: МИА)