Коалицијата предводена од Соединетите Американски Држави и нејзиниот сојузник, Сириските демократски сили, изведоа заедничка специјална операција во североисточна Сирија.
Припадниците на специјалните сили слетале со хеликоптери во близина на градот Сувидија каде што пресретнале мини камион. Возачот, жител на тој град, е уапсен, додека возилото е префрлено во напуштеното подрачје кое го бомбардираа коалициските воени авиони. Постојат сомневања дека тој е член на една од активните ќелии на ИСИС во областа Рака.
Отприлика во исто време, коалицијата и сириските безбедносни сили изведоа и друга операција, во градот Траиј, кој исто така се наоѓа во Рака.
Резултатите од операциите остануваат непознати. Коалициските и сириските сили ги засилија своите операции против ќелиите на ИСИС во североисточна Сирија во последните неколку недели. Коалицијата веројатно се обидува да го намали влијанието на терористичката група во регионот пред крајот на годината.
На почетокот на ноември, припадници на ИСИС биле спречени во намерата да го нападнат затворот во градот Хасака каде што се држат стотици затвореници, членови на терористичката организација. Американски војници неколку дена потоа во координирана акција со сириските сили ја уништија ќелијата која беше одговорна за заговорот за напад на затворот.
(Фото: АП)