Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Американски и грчки воени авиони со прелет над Скопје ќе ни посакаат добредојде во НАТО
Политика

Американски и грчки воени авиони со прелет над Скопје ќе ни посакаат добредојде во НАТО

мај 29, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Американски воени авиони денеска со прелет над Скопје ќе го поздрават „членството на Република Северна Македонија во НАТО“, информираат од Министерството за одбрана.

Прелетот ќе се реализира околу 11:20 часот.

Два авиона на американското воено воздухопловство придружувани од
два воени авиона на Република Грција, ќе извршат прелет над територијата на Република Северна Македонија.

Прелетувањето ќе биде во чест на нашето членство во НАТО.

Авионите ќе летаат долж реката Вардар, а ќе дојдат од правец на скопскиот аеродром.

„Нашите американски сојузници испраќаат силна порака дека нашите две земји одржуваат одлична соработка и дека по континуираната поддршка што ни ја даваа на патот кон НАТО, и по влезот во Алијансата остануваат и понатаму наш силен сојузник и стратешки партнер“, потенцира министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Американските авиони полетаа вчера од сојузната држава Јужна Дакота и ќе имаат 30 часовен непрекинат лет со полнење гориво во воздух.

Доколку временските услови го озвозможат тоа, заинтересираните граѓани ќе можат да го набљудуваат прелетот на американските авиони и авионите придружници од грчката воена авијација над Скопје.

Авионите над нашата земја ќе летаат на височина од 1.500 метри и нивниот прелет ќе биде проследен со силен звук.

„Демонстрацијата на овој прелет ќе биде уште една потврда за срдечниот прием на Северна Македонија во НАТО и сигнал за продолжување на соработката“, велат од МО.

Членството на Република Северна Македонија во НАТО започна со широка поддршка од страна на сојузничките земји, која се покажа и при здравствената криза од коронавирусот со бројни донации во медицинска и заштитна опрема од страна на сојузниците.

Како нова членка на НАТО, Република Северна Македонија е опфатена и со програмата за воздушно патролирање која е ексклузивна само за
членките на Алијансата и чија цел е заштита на небото на државите од
НАТО.

актуелно воени авиони НАТО скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.