Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Анализа: Ковид кризата ќе остави трајни последици кај младите
Во Фокусот

Анализа: Ковид кризата ќе остави трајни последици кај младите

март 23, 2021Updated:март 23, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Само осум отсто од вкупниот број мерки што Владата ги презеде за справување со последиците од здравствено-економската криза се наменети за младите, покажа анализата на младинските организации кои денеска го промовираа документот „Млади во криза 2.0“ со кој се анализираа ефектите од пандемијата врз младите.

„На прв чекор заклучивме дека Владата пристапи кон некаков начин на ‘чадор’ политики, односно обид да се опфатат што повеќе категории луѓе, а не со таргетирани мерки кои ќе овозможат за специфични групи кои најмногу трпат од кризата да бидат дел од мерките“, рече денеска Блажен Малески од Реактор–Истражување во акција.

Според него, здравствено-економската криза ќе има трајни последици врз младите, уште повеќе ќе го отежни пристапот до пазарот на трудот и до првото работно место и продолжување на своите кариерни цели.

„Пристапот до мерките беше отежнат и не беше за сите млади, туку конкретно за специфични групи. Институциите сами по себе не го следат развојот на самите мерки, не вршат евалуација, и колкава е искористеноста, која е целта. Пристапот на директно давање на финансиски средства на младите беше обид да се стимулира економијата,
да се потрошат повеќе финансиски средства, а со тоа да се задржат работни места во прозиводството во државата“, рече Малески.

Во суштина, заклучи тој, Владата немаше директен пристап до младите, се концентрираше на студентите и средношколците, а генералната популација на млади не беше опфатена, особено оние кои изгубиле работно место. И комуникацијата, учеството на младите во креирањето на политиките, според него, не беше на задоволително ниво.

Анализата на Здружението за истражувања и анализа–ЗМАИ покажува дека платите на младите се намалиле за време на кризата. Падот на просечните месечни нето примања кај младите во јуни во однос на февруари е 2,6 проценти, додека на ниво на цела држава е 1,8 посто.

Бројот на млади кои имале примања под минималната плата пораснал од 27.149 во февруари на 31.755 во јуни, а нивното учество во целата популација на млади кои имале примања се зголемило од 32 на 37 посто.

Стапките на пад на примања се најизразени кај младите и жените.

„Оваа разлика ја зголемува нееднаквоста меѓу нив и останатите групи, што значи дека мерките треба да бидат дизајнирани за нивна поддршка“, посочи Виктор Стојкоски од ЗМАИ.

Младинските организации апелираат институциите да ги земат превид младите како клучна група при носењето на мерки за справување со здравствено-економската криза. Препорачуваат да се олесни (ре)вработувањето на младите, но и да се поддржат преку поврат на персоналниот данок и ваучери за домашна потрошувачка на оние на кои им се најпотребни.

За образованието да не биде прекинато за ниту едно дете, препорачуваат да се обезбедат услови за пристап до наставата, особено за младите кои немаат дигитални уреди, кои не се во образовен систем и кои се од економски помалку моќни семејства. Образованието на далечина да стане достапно и за учениците со попреченост.

„Кризата и социјалната дистанца влијаат негативно на менталното здравје, за што стручните служби во улиштата мора да обезбедат активности за учениците, а државата да обезбеди сервисни линии за психолошка поддршка и линии за жртви на семејно насилство. Во однос на еднаквото образование за сите, воведување на сеопфатното сексуално образование во сите степени на образование е уште еден начин државата да докаже дека е грижлива за секој млад човек и сите млади имаат подеднакво
пристап до информации кои се неопходни за нивното физички и менталено здравје. Законот за младинско учество и младински политики не треба да чека да заврши кризата, треба да се работи на неговата имплементација, заедно со младинските организации. Препорака има и до младите–волонтерството, младинската работа и активизам треба да опстојат“, стои во документот.

Од почетокот на пандемијата, оваа мрежа на организации ги следи промените и дава препораки за олеснување на последиците предизвикани здравствената и општествена криза. Членки на иницијативата „Млади во криза“ се: Младински образовен форум, Реактор–Истражување во акција, Здружение за истражување и анализи (ЗМАИ), ХЕРА, Центар за интеркултурен дијалог, Сојузот на извидници, Младински сојуз–Крушево,
Еквалис, Писхотерапика, ХОПС, Национален младински сојуз на Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права и АРНО.

Процесот на криерање на документот и анализите беше поддржан од Фондацијата за демократија на Вестминстер преку Иницијативата за демократија на Западен Балкан.

актуелно анализа криза млади последици
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.