Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ангеловска-Бежоска: Народната банка е институција чијшто кредибилитет и интегритет постојано се потврдуваат
Економија

Ангеловска-Бежоска: Народната банка е институција чијшто кредибилитет и интегритет постојано се потврдуваат

април 26, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Скопје, 26 април 2020

Денешниот ден е длабоко втиснат во нашата историја. На 26 април
1992 година, независноста на нашата држава беше заокружена со клучно парче од мозаикот – монетарниот суверенитет.

Пред точно 28 години беа поставени основите на монетарната самостојност, со воведувањето на денарот за наша парична единица, којашто го замени тогашниот југословенски динар.

Воедно, и Народната банка започна да функционира како самостојна централна банка, исправена пред низата предизвици во тие турбулентни времиња на раздвојување од дотогашната југословенска држава.

Ова обраќање се случува во период кога целата глобална популација се соочува со пандемија од одамна невидени размери. Но дозволете само на кратко да се оддалечиме од тегобноста на секојдневјето и да  се потсетиме на овој клучен ден во монетарната историја, кога со многу посветеност, пожртвуваност и визија започна да се гради нашата современа централна банка.

Централна банка со мисија којашто била јасна уште во првите денови–да се создаде независна и одговорна институција што ќе се справи со тогашниот предизвик за макроекономска стабилизација и ќе изгради капацитет да се приближи кон централните банки во развиените пазарни економии.

Од оваа временска дистанца, верувам дека предизвиците на тимот
којшто ја водел Народната банка во првите години од осамостојувањето биле огромни.

Првите години од монетарното осамостојување се период на хиперинфлација, рецесија, недоволно ниво на девизни резерви, постојана депрецијација на домашната валута и општа макроекономска нестабилност.

Само заради илустрација би потсетила дека непосредно по монетарното осамостојување, курсот депрецираше речиси на дневна основа, што заедно со високата монетарна и фискална експанзија доведе до хиперинфлација–на пример во 1993 година просечната инфлација достигна близу 350%, а сето тоа имаше погубни ефекти за економијата.

Со заеднички напори на носителите на политиките и на науката, брзо се донесени политиките за справување со нестабилноста на курсот и на инфлаторната спирала, што заедно со поддршката од меѓународните финансиски институции овозможи стабилизирање на економијата и поставување на пазарни принципи на функционирање.

Во октомври 1995 година, беше воведена и монетарната стратегија на стабилен девизен курс на денарот во однос на германската марка, а од јануари 2002 година во однос на еврото-стратегија за којшто и тогаш и сега постои консензус дека преставува еден од клучните столбови на стабилноста на македонската економија.

По дваесет и осум години од монетарното осамостојување, денес, со задоволство констатирам дека Народната банка е институција чијшто кредибилитет и интегритет постојано се потврдуваат. 

Одржувањето на ценовната стабилност е основна законски дефинирана цел на монетарната политика на Народната банка.

И покрај низата шокови од надворешното и домашното окружување со коишто македонската економија се соочи во изминатите години, просечната стапка на инфлација ја одржуваме на ниво од околу 1,5%, што е многу блиску до просечната инфлација на земјите од еврозоната и ја потврдува соодветноста на монетарната поставеност во целиот овој период.

Номиналниот девизен курс на денарот во однос на еврото се одржува на стабилно ниво, придонесувајќи за стабилни очекувања и за одржување на довербата на економските субјекти.

Девизните резерви непрекинато ги одржуваме на комфорно ниво, гарантирајќи ја стабилноста на валутата и справувањето со шокови.

Банкарскиот систем е поставен на целосно пазарни основи, со присуство и на реномирани меѓународни банкарски групации – стабилен, ликвиден и
капитализиран.

Голем придонес за ова има нашето постојано вложување да ги следиме меѓународните стандарди во областа на банкарската регулатива, како и современите супервизорските стандарди.

Ниту една централнобанкарска институција не може да биде
поставена на здрави темели, без посветени и одговорни луѓе, коишто имаат визија, го следат правецот во којшто се движат современите централни банки и притоа макотрпно се вложуваат за чекорење токму по таа патека.

Во годините наназад, во континуитет се инвестира во човечкиот капитал на нашата централна банка.

Поддршката којашто во овој процес ја имаме од меѓународните финансиски институции, заедно со нашата посветеност ни овозможува да имаме и високо квалитетно јадро на професионалци.

Без него, незамисливо е успешно да се справуваме со предизвиците пред нас, особено сега кога сѐ поизвесна е европската интеграција, што подразбира и интензивни подготовки за идната монетарна интеграција.

Сето тоа безусловно бара да останеме доследни на стабилноста на цените и курсот на домашната валута, да имаме супервизорска поставеност којашто е блиска со европската, како и институционален капацитет за квалитетен дијалог со европската монетарна власт.

На крајот сакам во име на целиот тим на централната банка и во мое
име да им се заблагодарам и да им оддадам признание на претходните
гувернери и раководства и на сите коишто биле дел од централната банка во изминатите години, несебично се вложувале и успеале да изградат институција којашто е независна, транспарентна, високо професионална и почитувана во меѓународната заедница.

Упатувам благодарност и до професионалците коишто денес се во нашиот тим–тие се основата на вредностите што постојано продолжуваме да ги
градиме, одејќи по единствениот пат кон нашата европска иднина.

И денес, кога 28 години по монетарното осамостојување стоиме исправени пред нови предизвици, ве уверувам дека успешно ќе се справивме гарантирајќи ја стабилноста на домашната валута и ценовната стабилност, коишто се најдобриот придонес што централната банка може да го даде за просперитетот на нашето општество.

Нека ни е честита 28-годишнината од монетарното осамостојување!

Анита Ангеловска-Бежоска, гувернерка на Народната банка

Ангеловска-Бежоска Народна банка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата падна

октомври 15, 2026

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.