Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ангеловска – Давидсе: Рамката за соработка со Светска банка се одвива со одлична динамика
Економија

Ангеловска – Давидсе: Рамката за соработка со Светска банка се одвива со одлична динамика

септември 27, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Рамката за соработка со Светска банка 2019-2023 се одвива со одлична динамика, оцениле министерката за финансии Нина Ангеловска и извршниот директор на Холандската конституенца на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка, Кун
Давидсе, на нивната прва официјална средба што се одржа во Њујорк.

Според министерката Ангеловска, со реализацијата на проектите предвидени од четиригодишната Рамка за соработка во вредност од 420 милиони долари, ќе се инвестира во подобрување на конкурентноста на приватниот сектор преку инвестиции во инфраструктурата, развој на човечкиот потенцијал и поголема инклузија, како и во зајакнувањето на менаџирањето со јавните финансии и поголемата одржливост на
енергетските извори.

„За нас, партнерството со Светска банка и поддршката што ни ја дава во развојот на нашата земја и нашиот пат кон ЕУ и НАТО, е од големо значење. Само со јасна стратегија и цел можеме на граѓаните да им понудиме подобри услови за живот, а Рамката за соработка е одлична основа за тоа“, истакнала Ангеловска.

Извршниот директор на Холандската конституенца посочил дека земјата ја има неговата поддршка за што побрза имплементација на Рамката за соработка, а изразил и верба во капацитетите за нејзино спроведување.

Тој оценил дека Република Северна Македонија се движи во вистинска насока гледајќи го економскиот раст, намалувањето на невработеностa и останатите економски параметри кои укажуваат на стабилна клима за инвестирање.

Давидсе, како што информира Министерството за финансии, и ја честитал новостекнатата титула „жена на дигитална трговија“ на министерката Ангеловска што таа ја доби во рамки на Годишното собрание на Обединетите нации.

Воедно, истакнал дека го охрабрува фактот што во Република Северна Македонија се повеќе се гледа напор да се искористи потенцијалот на жените и дека ваквите заложби треба да продолжат бидејќи активната улога на жените на лидерски позиции е важна за раст на економиите.

На средбата се разговарало и за важноста на технологијата во сите процеси за прогресот на земјите.

Од проектите кои треба да се реализираат од Рамката за соработка на средбата бил споменат проектот „Дигитална Македонија“ кој е во подготовка и ќе овозможи пристап до висококвалитетни широкопојасни услуги.

Првите проекти што ќе се спроведат од Рамката за соработка се проектот за изградба и рехабилитација на локални патишта, проектот за унапредување на земјоделството и проектот за модернизација на пензискиот сектор.

Нивната реализација ќе почне на почетокот на следната година.

На состанокот биле дискутирани и активностите што треба да се реализираат во рамки на Годишните средби на ММФ и Светска банка што ќе се одржат во октомври во Вашингтон.

Во рамки на Годишните средби на ММФ и Светска банка, како што е најавено, говорник ќе биде и министерката за финансии на панел на високо ниво на тема „Иновативни пристапи за промоција на половата еднаквост во контекст на економските
можности во Европа и Централна Азија“.

актуелно ангеловска Давидсе Светска банка соработка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.