Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ангеловска: До крајот на неделата 100.000 платежни картички до граѓаните
Економија

Ангеловска: До крајот на неделата 100.000 платежни картички до граѓаните

јуни 15, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„До крајот на неделата се очекува да се дистрибуираат околу 100.000 картички од банките до корисниците на домашни платежни картички, а веќе 10.000 граѓани ги имаат добиено картичките и можат да ги користат“, изјави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска на гостувањето во „Утрински брифинг“.

„Нов податок што го имаме од утринава е дека до крајот на неделата се очекува да бидат дистрибуирани 100 илјади картички. 10 илјади граѓани веќе ги имаат добиено картичките, може да плаќаат и да купуваат со тие платежни картички. И бидејќи најголемиот број од картичките е кај три од поголемите банки кои дистрибуираат, до крајот на неделата се очекува околу 100 илјади картички да завршат и да бидат дистрибуирани кај граѓаните. Интензивно секој ден се доставуваат, дистрибуираат, подигнуваат платежните картички“, истакна Ангеловска.

Лицата кои се опфатени со уредбата, а кои поради техничка грешка ги
нема на листата, ќе можат да поднесат приговор до утре.

„За време на викендот е одговорено на над 1.000 граѓани кои поднеле
приговори. Се работи за дистрибуирани мејлови до соодветните институции, дали е тоа Министерството за образование, Министерството за труд и социјална политика… со цел да се проверат по матичен број, да се увиди дали се работи за техничка грешка и испуштање или за поднесен приговор, а лицето можеби не ги исполнува условите согласно уредбата. Сите кои треба да добијат, а поднеле приговор, ќе добијат платежна картичка, додека на останатите ќе им биде одговорено. Но, да имаме предвид дека процесот ќе потрае со оглед на големиот број мејлови“, рече Ангеловска.

Во однос на барањето на пасивните баратели на работа, министерката
посочи дека ова е обемна мерка и дека се однесува на активните баратели на работа кои сакаат да бидат вработени.

Лицата кои не бараат работа преку Агенцијата не соодвествуваат на таргет категоријата.

„Лимитот е поставен на одредено ниво и се работи за обемна бројка од
120 илјади. Да не заборавиме да напоменеме дека претседателот на Владата ги презентираше мерките и точно овој критериум на 17 мај беше посочен, така што 5.000 нови лица кои не биле пријавени како активни баратели се пријавија до 22 мај, до соодветниот рок. И тие лица влегоа во листата. Значи имаше и соодветен период во кој лицата кои бараат работа можеа да се пријават во Агенцијата за вработување“, појасни Ангеловска.

Таа посочи дека преку овие мерки се стимулира стопанството и економијата и се очекува да се амортизира ударот врз економијата.

„Се е дизајнирано на тој начин да ги ублажи последиците врз економијата“, подвлече Ангеловска.

актуелно ангеловска платежни картички
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.