Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ангеловска: Законот за буџети во финална фаза
Економија

Ангеловска: Законот за буџети во финална фаза

јуни 19, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Предлог-законот за буџет е во процес на финализирање, согласно консултациите со Светска банка, ММФ и ЕУ“, информира министерката за финансии Нина Ангеловска, по денешната четврта седница на Советот за управување со јавни финансии.

Ангеловска, информираат од нејзиниот кабинет, претседавала со седницата на Советот, кое е координативно тело на Владата за следење на спроведувањето на реформите предвидени со Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии 2018 – 2021 година.

„По завршување на предвремените избори, КОВИД-19 кризата, како и потребниот период за јавни консултации, очекувањата се дека законот треба да биде донесен до крајот на 2020 година. Со новиот Закон за буџети ќе биде регулирано воспоставувањето на фискалните правила и Фискалниот совет. Подготвен е и новиот предлог-закон за внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, кој паралелно со новиот Закон за буџети, треба да се донесе во текот на 2020 година. Со новиот закон се очекува дополнително да се зајакнат основите за спроведување на јавната внатрешна финансиска контрола низ целиот јавен сектор“, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Министерката, посочи дека во изминатиот период е подготвена и Стратегија за реформа на даночниот систем за која беше спроведена јавна консултација со заинтересираните страни.

Оваа стратегија ги интегрира главните приоритети во областа на даночната политика и даночната администрација во периодот 2020-2023 година.

„Кон крајот на 2019 годината лансиравме повеќе алатки кои значително ја подобрија транспарентноста. Изработена е алатка за следење на капиталните расходи за секој буџетски корисник одделано, понатаму беше пуштен во употреба порталот „Отворени финансии“ кој е дизајниран за да и овозможи на јавноста преглед на сите исплати од Трезорот. На почетокот на годинава направена е страната „Јавен долг“ каде може да се следи состојбата на долгот, неговото движење по години, раздолжувањата, повлекувањата за тековната година и финансирање на истиот“, рече Ангеловска.

Паралелно со реформите во буџетот, продолжуваат реформите во системот на управување со јавните финансии преку воспоставување на нов ефикасен и интегриран информациски систем за управување со финансии во Министерството за финансии (ИФМИС).

Министерката за финансии, се вели во соопштението, посочи дека сите реформски процеси треба да продолжат и во наредниот период и истите да се рефлектираат во новиот Акциски план за 2020 година.

Таа повика сите да придонесат во своите делови за интензивирање на
активностите и забрзување на реформите, бидејќи сите мора да го дадат
својот придонес за побрзо да одиме напред.

Членови на Советот за управување со јавни финансии се вицепремиерите за европски прашања и за економија – Османи и Царовска, министерите за економија и информатичко општество и администрација Бектеши и Манчевски, како и директорите на УЈП, Царинска управа, Биро за јавни набавки, Државниот завод за статистика, Државна комисија за жалби по јавни набавки и Главниот државен ревизор.

Буџетот за спроведување на новиот Акциски план за 2020 година е планиран на 12 милиони евра, од кои 2,3 милиони евра се од буџетот на државата, додека 9,7 милиони евра би се обезбедиле од донаторски извори.

актуелно ангеловска Закон за буџети
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.