Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ангеловска: Само со дигитализација e можна департизација и ефикасна администрација
Економија

Ангеловска: Само со дигитализација e можна департизација и ефикасна администрација

февруари 22, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Инвестицијата во човечкиот капитал, во технологии како и реформи за брза ефикасна администрација, ќе овозможи континуитет во економскиот раст кој пак ќе биде генериран од приватниот сектор“, вели во интервју за Капитал министерката за финансии Нина Ангеловска потенцирајќи дека е
потребно државата преку фискалната политика да биде ветер во грб на
приватниот сектор од повеќе аспекти.

Таа посочи дека, луѓето се оние кои се носители на продуктивноста, затоа е значајно да се инвестира во човечкиот капитал, но и во нови технологии кои ќе ја зголемат продуктивноста.

„Затоа буџетот за 2020 година е насочен кон инвестиции во човечкиот капитал, со над 60 отсто од расходната страна за здравството, образованието и социјалата како области. Она што можам да го истакнам во моментот со фискалната политика поддршката на приватниот сектор се спроведува со мерките кои ја стимулираат инвестициската активност на компаниите, нудат поддршка за зачувување на квалитетните кадри, но и делуваат на создавање на адекватни кадри на пазарот на труд. Така во годинешниот буџет за мерката за субвенционирање на придонесите за покачување на платите обезбедени се 2,4 милијарди денари, за мерките за зголемување на конкурентноста на приватниот сектор 3 милијарди денари и за активните мерки за вработување 1,4 милијарди денари. Преку мерките за поддршка на инвестициите се поттикнува и набавка на нова
технологија преку поврат на дел од вложените средства, на тој начин
поттикнувајќи ги фирмите да ја заменат. Во однос на замена на застарената технологија постојат исто така можности, преку мерките за поддршка на економски раст, со кои се враќа дел од инвестицијата на компаниите направена во нови технологии“, рече Ангеловска.

Ангеловска вели дека за да приватниот сектор биде двигател на растот, државата за да биде ветер во грб, потребна е и ефикасна администрација.

„Само со дигитализација верувам дека e можна департизација и ефикасна администрација. Дигитални процеси, кои ќе го отстранат пристрасниот човечки фактор во носење на одлуки, безхартиена околина, организирани и јасни правила – единствено тоа мислам е решението и за справување со корупција, за зголемена продуктивност и подобра околина за водење бизнис“, вели Ангеловска.

Министеркатаа посочува дека растот за годинава е планиран на 3,8 проценти и дека тоа е реална проекција во линија со Народната банка.

Проекцијата се базира на очекувањата за раст на бруто инвестициите од 8 отсто, раст на приватната потрошувачка како резултат на раст на вработеноста и платите и на извозот.

актуелно ангеловска департизација дигитализација
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.