Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ангеловска: Со „Смарт Македонија“ до побрз економски раст
Економија

Ангеловска: Со „Смарт Македонија“ до побрз економски раст

јануари 14, 2020Updated:јануари 14, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Економијата е стабилна, а економскиот раст ги натфрла проекциите на Меѓународниот монетарен фонд, кои на два пати беа покачени. Раст се забележува во сите сектори, а стапката на невработеност е на историски најниско ниво, порача министерката за финансии Нина Ангеловска на министерскиот панел на Форумот „Еуромани“, кој се одржува во Виена.

Таа нагласи дека добрите економски остварувања може да се забрзаат и да се оствари синергија преку дигитализацијата, која,како што посочи, носи поголема додадена вредност.

„Дигитална Македонија“ или „Смарт Македонија“ е визијата каде ја гледаме земјата во следните години. Затоа работиме со стратешките партнери, како Светска банка, за да развиеме инфраструктура, вештини кај работната сила, за дигитализација во економијата, јавниот сектор и општеството во целина.Треба да ја внесеме технологијата во сите сектори каде што можеме: земјоделството, здравството, образованието и преку тоа да креираме синергија. Не само што сме посветени на овие процеси, туку и цврсто верувам дека можеме да ја намалиме сивата економија преку имплементирање на технологиите и да ја намалиме корупцијата, бидејќи компјутерите ја елиминираат можноста за пристрасност во одлучувањето. Со технологиите можеме да обезбедиме и поголема еднаквост и инклузивен раст, рече Ангеловска.

Посочи дека е-трговијата може да биде генератор на економски раст особено за малите отворени земји како нашата, да создаде нови работни места, да ги придвижи платите, да ја зголеми конкурентноста и да отвори нови можности за домашните компании.

„За да се постигне ова потребно е да се има капацитет, но и желба. Треба да се работи на зголемување на дигиталните вештини на населението, да се инвестира во човечкиот капитал кој е главен фактор за раст на секоја земја, рече Ангеловска.

Како добри примери во дигитализацијата ги наведе Естонија, еден од пионерите во дигитализацијата особено во полето на е-влада и јавните услуги и Израел, каде технолошкиот сектор има удел од 40 отсто од БДП.

Како мала земја, посочи, имаме потецијал и флексибилност за аплицирање на нови концепти и стратегиии како на пример „креативна економија“, односно концепт кој се базира на човечката креативност, идеите и интелектуалната сопственост, знаење и технологиите. -Треба да се размислува во оваа насока, бидејќи „креативната економија“ е онаа која креира додадена вредност, нови работни места, која создава можности за инклузија на маргинализирани категории, како жените, рече Ангеловска.

Зборувајќи за потенцијалните влијанија од надворешните фактори за македонската економија, Ангеловска истакна дека Република Северна Македонија, иако мала и отворена економија, благодарение на структурните реформи и диверзификацијата е се поотпорна на шоковите однадвор. Таа посочи дека домашната валута е стабилна, дека нашата е меѓу земјите со најдобра бизнис клима во светот, како и дека последните години има раст на странските директи инвестиции.

Министерката за финасии истакна дека земјата е посветена на евроинтеграциите, особено реформите во делот на владеење на правото, зајакнување на јавната администрација и консолидација на економијата.

На Министерскиот панел, освен Ангеловска, учествуваа и министерот за финансиски политики на Унгарија Габор Гион, министерот за финансии на Романија Флорин Читу и заменик-министерката за финансии на Бугарија Маринела Петрова.

„Еуромани“, поради форматот и големиот број на учесници е еден од најважните настани од економијата и финансиите во регионот на Централна и Источна Европа и претставува одлична можност за средби помеѓу носителите на политиките, како и претставниците на банкарскиот сектор, учесниците на финансиските пазари и инвеститорите.

актуелно економски раст смарт македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.