Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, ќе остане на селекторската позиција за Европското првенство во 2024 година, објави вчера Англиската фудбалска асоцијација.
„Среќни сме што можеме да потврдиме дека Герет Саутгејт останува селектор на Англија и ќе ја води нашиот тим на ЕП 2024. Герет и помошниот тренер Стив Холанд отсекогаш ја имаа нашата целосна поддршка, а нашето планирање за Европскиот шампионат започнува сега“, изјави извршниот директор на Асоцијацијата, Марк Булингем.
Саутгејт ја одведе Англија до четвртфиналето на Светското првенство во Катар, каде што беше исфрлена од Франција.
Исто така, ја предводеше Англија до полуфиналето на Светското првенство 2018 и финалето на ЕП 2020 година. Лани во ноември потпиша нов договор до крајот на 2024 година. Англија испадна во втората лига на Лигата на нации, претходно оваа година, по серија од шест натпревари без победа.







