Предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски уште не стигнал до Советот на јавни обвинители, изјави денеска претседателот Петар Аневски.
Зврлевски денеска присуствуваше на седницата на Советот на јавни обвинители. На дневен ред бил извештајот за работата на Обвинителството на организиран криминал за обвинителите на кои им престанал мандатот, а биле прераспоредени во тоа обвинителство.
На дневен ред било распишувањето конкурс за 15 јавни обвинители.
Аневски вели дека Зврлевски ја извршувал функцијата перфектно. Потоа додаде дека дека ќе ги почитуваат законските рокови, но не се изјасни дали ќе ја прифатат иницијативата за негово разрешување.







