Демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден ја зголемува предноста пред американскиот претседател Доналд Трамп во Висконсин и Пенсилванија, федерални
држави што можат да бидат клучни за победата на претседателските избори во САД на 3 ноември. Тоа се нагласува во резултати од анкета спроведена за Ројтерс од агенцијата Ипсос.
Според анкетата, поранешниот потпретседател води пред Трамп со седум проценти во две држави. Една недела претходно, Бајден водеше со шест проценти во Висконсин и со пет проценти во Пенсилванија.
Анкетата на Ројтерс / Ипсос беше спроведена во шест држави во САД, Висконсин, Пенсилванија, Мичиген, Северна Каролина, Флорида и Аризона. Тие држави и нивните изборни гласови ќе бидат клучни за победа на претседателските избори во САД.







