Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Анкета на Детектор: Една четвртина од граѓаните имаат проблем да се справат со рестриктивните мерки
Во Фокусот

Анкета на Детектор: Една четвртина од граѓаните имаат проблем да се справат со рестриктивните мерки

мај 17, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Една четвртина од граѓаните велат дека имаат проблем во справувањето со мерките на Владата за социјална изолација и полициски час, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 24,6 отсто од анкетираните граѓани велат дека справувањето со мерките за социјална изолација и полицискиот час им претставува проблем, додека 71,8 проценти велат дека таков проблем немаат.

Но и оние кои го имаат, ретко се решаваат за тоа да побараат помош.

Анкетата покажува дека само 14,1 отсто од анкетираните велат дека побарале помош за да се справат со проблемот, додека 85,9 проценти не го сториле тоа.

Само 2,8 отсто од граѓаните велат дека имаат некој близок или познајник кој во овој период на корона кризата се соочил со домашно насилство, додека 86,3 отсто не познаваат вакви лица.

Речиси половина од граѓаните периодот кога се во изолација во својот дом го поминуваат работејќи низ дома или гледајќи телевизија.

Изолацијата ја поминуваат работејќи низ дома изјавиле 22,5 отсто од
граѓаните, додека 21,6 отсто главно гледаат телевизија.

Дека се одмораат одговориле 14,4 отсто, 10,8 отсто ги прегледуваат постовите на социјалните мрежи, а 7,6 проценти се дружат со семејствата.

Од прашаните граѓани, 68 проценти велат дека интернетот и социјалните медиуми значително им помагаат во периодот на домашна изолација, додека 23,9 отсто велат дека тоа и не е некоја помош.

60,4 проценти анкетирани во овој период со роднините и пријателите комуницираат главно телефонски, 21,6 отсто ги користат социјалните мрежи, а 9,1 отсто комуникација преку видеоврска.

Само 4,5 отсто од граѓаните велат дека комуницираат со блиските преку
директен контакт, а 3 проценти велат дека воопшто немаат комуникација.

Нешто помалку од половина, или 46,9 проценти, велат дека се задоволни од информациите околу состојбата со кризата кои ги добиваат од медиумите.

39,8 отсто велат дека се делумно задоволни а 8,5 проценти велат дека не се.

Во споредба со мартовската анкета, во април се намалува бројот на
граѓани кои се задоволни од информациите кои ги добиваат од медиумите.

Од 66,9 отсто во март, за еден месец процентот се спуштил на 46,9.

Затоа речиси двојно се зголемил бројот на граѓани кои се делумно задоволни од информациите за кризата кои ги добиваат од медиумите.

Па така, од 21,2 отсто во април, бројот на делумно задоволни граѓани скокнал на 39,8 отсто.

Благо зголемување за еден процентен поен бележи и бројот на граѓани
кои не се задоволни од
информациите за кои за кризата ги добиваат од медиумите.

Ако во март само 7,5 отсто од граѓаните се изјасниле како незадоволни, во април тој процент се зголемил на 8,5.

Доверба во информациите кои ги добиваат од медиумите имаат 72,4
проценти од анкетираните, додека 21,5 отсто немаат доверба во добиените информации.

Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор телефонски
го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1123 испитаници, во периодот од 21 до 24 април со маргина на грешка од плус-минс 3 проценти.

актуелно анкета Детектор рестриктивни мерки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.