Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Антикорупциска го одби приговорот на Бедредин Ибраими
Во Фокусот

Антикорупциска го одби приговорот на Бедредин Ибраими

септември 20, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) смета дека е неоснаван приговорот на членот на Државната изборна комисија Бедредин Ибраими од ДПА против Собранието на РМ, според кого со јавниот оглас за нов член на ДИК е прекршен 8-а од Изборниот законик.

На јавна седница денеска членовите на Антикорупциската комисија едногласно одлучија приговорот да биде одбиен зашто нема прекршување на Изборниот законик. Оценија дека упатеното барање за мислење од страна на Ибраими до ДКСК е преурането бидејќи се уште нема настапено повреда на членот 8-а и заклучија дека Антикорупциската комисија нема надлежност да дава толкување на законските прописи и нивна меѓусебна усогласеност.

Известителот по овој предмет, членот на ДКСК Горан Миленков, рече дека измените и дополнувањата на Изборниот законик предвидуваат усогласување на персоналниот состав на ДИК согласно со членот 27 став 5 од Изборниот законик кој вели дека од кандидатите на предлог-листата за членови на Државната изборна комисија тројца членови предлагаат политичките партии во опозиција, и тоа – политичката партија во опозиција со најголем број пратеници во Собранието предлага двајца членови, а политичката партија во опозиција со втор најголем број пратеници предлага еден член во ДИК.

Партиите на власт предлагаат тројца членови на ДИК – двајца од партијата со најголем број пратеници, а еден предлага партијата со втор најголем број пратеници во Собранието.

Тројца членови во ДИК, пак, се избираат на заеднички предлог од партиите на власта и на опозицијата од редот на пријавените кандидати.

„Се работи за едно рационално право на политичките партии да го определуваат персоналниот состав на членовите на ДИК кој е изразено преку одредбите на Изборниот законик, и тука нема никаква повреда од страна на Собранието.

„Постои измени и дополнувања со кои тоа е уредено и засега никаде не наидовме на податок дека подносителот е разрешен или дека му е ускратено некое негово право или, пак, дека се работи за повреда на членот 8-а. Неспорно е дека е донесен оглас од Собранието, неспорно е дека постои измени и дополнувања на Изборниот законик и тоа е се во согласност со законот, така што сметам дека приговорот на Бедредин Ибраими треба да биде одбиен како неоснован – рече Миленков во образложението за одлуката.

На дневниот ред на седницата на ДКСК беа уште три приговори, од кои еден не беше разгледуван зашто бил повлечен од самиот подносител (Ненад Ѓорговски од Струга против а.д. ЕЛЕМ Скопје). За два приговора, кои се поднесени во врска со член 8-а од Изборниот законик, членовите на ДКСК одлучија дека има сомнежи за направен прекршок и заклучија за тие приговори да продолжи постапката – „Кирил Анчевски од Скопје против СОЗР на Влада на РМ“ и „Правно лице ИР груп констракт од Тетово против Општина Брвеница“.

актуелно бедредин ибраими ДИК дкск ДПА собрание
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026

Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.