Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Антикорупциска од ДПИ ќе бара вонреден инспекциски надзор за постапката за избор на ректор на УКИМ
Во Фокусот

Антикорупциска од ДПИ ќе бара вонреден инспекциски надзор за постапката за избор на ректор на УКИМ

мај 27, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Антикорупциската комисија ќе упати барање до Државниот просветен инспекторат (ДПИ) да изврши вонреден инспекциски надзор за примената на Законот за високото образование и Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во однос на постапката за избор на ректор на УКИМ, за избор на претседател на Сенатот и да преземе мерки согласно своите
надлежности.

Антикорупциската постапи по пријава во врска со функционирањето на
Сенатот на УКИМ и најавата за отпочнување на постапка за избор на ректор на универзитетот и спроведе проверка на постапувањата на ректорот Никола Јанкуловски во однос на усогласеноста со Законот за високо образование и со Статутот на УКИМ, како и од аспект на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси дали овие активности тој ги води во ситуација што може да се оквалификува како состојба на судир на интереси.

Според пријавата до Антикорупциската, има три околности кои може да доведат до заклучок дека постои судир на интереси–ректорот постапувајќи од позиција на претседавач на Сенатот на УКИМ, презема активности за формирање Универзитетска изборна комисија за избор на ректор, со што доколку се јави како кандидат за нов мандат за ректор директно се доведува во состојба на фактички судир на интереси.

Иако Статутот на УКИМ е донесен во јуни 2019 година, досега не е спроведена постапка за избор на претседател на Сенатот, ниту, пак, е дадено право на највозрасниот член на Сенатот да ги врши работите на
претседател на Сенат, што е предвидено со член 159 од Статутот.

Постапувањата за започнување и за спроведување избор на ректор во вонредна состојба се спротивни на Уредбата на Владата од 24 март 2020
каде што се вели дека за времетраењето на вонредната состојба мандатот на членовите на органите и телата се продолжува до завршувањето на вонредната состојба.

„Ова дотолку повеќе што со Статутот на УКИМ, донесен на 28 јуни 2019 година, попрецизно се уредени постапките за избор на органите и телата на Универзитетот. Имено, со член 159 од Статутот на УКИМ претседателот на Сенатот се избира од редот на сенаторите, а до неговиот избор, работите од надлежност на претседател на Сенат ги врши највозрасниот присутен член на Сенатот. Актуелниот ректор покрај функцијата ректор, врши улога на претседавач на Сенат, користејќи ги преодните и завршните одредби од новиот закон, во смисла дека ректорите, проректорите … ја вршат својата функција до истекот на нивниот мандат, иако и со Законот за високо образование и Статутот е јасно дека тоа е нова функција“, се наведува во соопштението на Антикорупциската комсија.

Во изминатите два дена Независниот академски синдикат (НАкС) и тројца проректори на УКИМ реагираа на постапката за избор на ректор што ја спроведува Јанкуловски, кој се кандидира за нов мандат, обвинувајќи го дека го крши Законот за високо образование.

Тие реагираат на двојната функција на Јанкуловски, кој е и претседател на Сенатот што е спротивно на членот 96 од Законот.

Постапката за избор на нов ректор на УКИМ почна во март со онлајн-седница на Ректорската управа, а продолжи вчера со предлог-одлука на
дневниот ред за начинот на спроведување на тајното гласање за
формирање на Универзитетска изборна комисија.

Од НАКС велат дека ако одлуката се усвои, не е јасно како ќе се спроведе тајното гласање зашто според нивните сознанија, немаат лиценциран софтвер кој ќе гарантира точност и тајност на гласањето.

актуелно антикорупциска ДПИ инспекциски надзор ректор УКИМ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.