Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Анѓушев: Владата е посветена на развој на компаниите и раст на економијата
Економија

Анѓушев: Владата е посветена на развој на компаниите и раст на економијата

ноември 9, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кочо Анѓушев, денес во Кавадарци, оствари средба со триесетина стопанственици од овој регион, каде презентираше дел од програмите на Владата за поддршка на бизнис секторот и ги слушна потребите на бизнисмените.

Вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека преку средби со бизнисмените изминатата година, Владата детектираше три главни предизвици за раст на економијата: раст на конкурентноста на македонските компании на меѓународни пазари, намалување на административни постапки за бизнис секторот, како и обезбедување на квалитетен кадар за потребите на стопанството.

„За поддршка на стопанството, Владата во 2018 година обезбеди рекордни средства од буџетот во висина од над 30 милиони евра, кои се реализираат преку неколку економски програми. Оваа година за првпат почнавме да ги имплементираме мерките од Планот за економски раст, кој се реализира преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите и Програмата за поддршка на мали и средни претпријатија на Фондот за иновации и технолошки развој. Станува збор за транспарентни мерки, достапни за сите компании, домашни и странски, со исти критериуми за сите. Токму овие мерки ја подобруваат конкурентноста на македонските компании. Преку мерките кои произлегуваат од Законот, Владата овозможува поврат од 10% од инвестицијата, како и дополнителни 10% доколку станува збор за извозна компанија и 20% поврат од исплатена нето плата за ново вработени лица, доколку станува збор за плати над 18.000 денари. Преку Фондот за иновации и технолошки развој, се овозможува уште посилна поддршка, која пред се однесува на технолошка експанзија на компаниите.

Преку мерките на Фондот, се овозможува поврат до 30% од средствата инвестирани во нова технологија, како и поврат до 70% од инвестицијата во иновативни проекти, односно проекти за интервенции во технолошките процеси за подобрување на продуктивноста на компаниите“, започна Анѓушев.

Вицепремиерот се осврна и на Владините политики и програми со кои ќе се намалат административните процедури и ќе се влијае на намалување на невработеноста од една страна, како и обезбедување на квалитетен кадар за потребите на стопанството од друга страна.

„Мораме да ги намалиме административните процедури за компаниите, особено во постапките за јавни набавки и јавни повици. Треба системски да се пристапи на проблемот и документите кои може самите институции да ги разменат, да се олесни на компаниите во тој процес. Во однос на мерките за намалување на невработеноста, како и за креирање на квалитетен кадар, Владата започна со донесување на Закон за практикантство, со кој се овозможува легално извршување на пракса во компаниите на лица до 29 години, со соодветен надоместок.

Воедно започна проектот за дуално образование, односно учење преку практична работа во компаниите. За да се реши проблемот со потребите  на кадар во компаниите, се планира на локално ниво да се детектираат сите невработени лица на ниво на општина, како и потребите за вработени во компаниите во општините, а потоа преку процес на преквалификација, да се обучат кадри за потребите на компаниите и да се намали невработеноста во државата“, нагласи Анѓушев.

Вицепремиерот Анѓушев ги повика стопанствениците активно да инвестираат, да работат на технолошки развој и максимално да ги користат мерките за поддршка на Владата во насока на побрз економски развој на Република Македонија.

актуелно Анѓушев влада стопанство
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.