Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Анѓушев: Владата прави напори да се зголеми соработката меѓу домашните и странските компании
Економија

Анѓушев: Владата прави напори да се зголеми соработката меѓу домашните и странските компании

ноември 26, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Соработката меѓу македонските и странските компании во земјава е многу мала. Но, се прават напори таа да се зголеми. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на денешната дебата организирана од Фајнeнс тинк рече дека е незадоволен од резултатите од оваа соработка, но посочува дека добар дел од странските инвеститори не можат да набавуваат производи или суровини од македонските компании доколку  не им биде дозволено од крајните купувачи.

Анѓушев нагласи дека Владата прави напори оваа соработка меѓу домашните и странските компании во земјата  да се зголеми преку помош за набавка на македонските компании соодветна технологија и знаење. Додека, нагласува тој, третата компонента што се однесува на организација на производството и контрола на квалитетот зависи од самите сопственици на македонските компании.

Па така, вели тој, до крајот на годината Владата преку помошта што се обезбедува со Законот за финансиска поддршка на претпријатија и преку програмите на Фондот за иновации ќе обезбеди поддршка за над 250 компании со цел тие да направат технолошки исчекор.

Анѓушев најави дека парите за помош за купување технологија согласно Законот за финансиска поддршка на претпријатијата треба да бидат исплатени до крајот на годината. Средствата за подддршка на македонските компании се зголемени и во буџетот за следната година.

Вицепремиерот смета дека голем простор за соработката на странските и домашните компании има во делот на производство на готови производи.

Фајненс тинк, невладината организација, што ја организираше денешната дебата, повикувајќи се на анализа што ја изготвиле неодамна посочува дека постои воспоставена соработка помеѓу домашните мали и средни претпријатија и мултинационалните компании во земјата, која што во голема мера е зависна од веројатноста на македонските компании да најдат добавувачи и потребни производи локално и од нивната политика за набавка.

„Само 10 проценти од вкупните обврски на мултинационалните компаниии се кон домашните претпријатија, вели Деспина Тумановска од Фајнeнс тинк.

Околу 37 проценти од македонските компании кажале дека соработуваат или имаат соработувано со странски компании во земјава.Најголем дел од оваа соработка се одвива во делот на давање услуги. Околу 61 отсто од мултинационалните компании кажале дека  купуваат услуги од домашни компании додека само 30 отсто можат да најдат суровини за своето призводство во земјава, а 61 процент од странските компании рекле дека не можат да најдат опрема и машини.

На дебатата учествуваа и претставници на македонски компании кои соработуваат со странските фирми во земјава.

Според Маријана Ангеловска од „Ариљеметал“, малите и средни фирми немаат доволно средства за да ги следат технолошките промени што ги бараат странските инвеститори. Темпото на развој се забрзува, а според неа, мерките на Владата не се доволни за да се фати моментумот. Затоа се потребни, според неа, средства од европските фондови.

Борјан Борозанов од Аптив Македонија вели дека во соработката се гледа како на бизнис интерес што треба да се развие и дека треба да се рабтои на нејзино продлабочување.

Во својата анализа Фајнeнс тинк препорачува мерки за подборување на процесот на стандардизација, за стимулирање на производството на суровини и импути и  понатамошно намалување на царинските давачки и поедноставување на царинските процедури за увоз. Препораки има и за домашните и за странските компании.

дебата компании поддршка соработка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

јуни 8, 2026

Горивата од полноќ со нови цени

мај 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.