Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Анѓушев: Германија е наш прв трговски партнер
Економија

Анѓушев: Германија е наш прв трговски партнер

април 10, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, покрај присуството на активностите од вториот ден од енергетскиот форум „Берлински дијалог за енергетска транзиција“, денеска оствари повеќе работни средби во Берлин.

Анѓушев, како што информира неговиот Кабинет, оствари средба со Валтер Дефа, специјален советник, номиниран од германската Влада, кој е задолжен за поддршка во планирањето и реализацијата на економските политики на Владата на Република Северна Македонија.

„На состанокот се дискутираше за стратешките приоритети на Владата во насока на побрз и одржлив економски развој. Улогата на Дефа, како професионалец со долгогодишно искуство во Европската Комисија, е да помогне во модифицирање на Владините стратегии, политики и проекти за усогласување со европските стандарди и регулативи, како дел од реформите во процесот на отпочнување на преговори за членство во ЕУ, се вели во соопштението.

Вицепремиерот утринава се сретна со парламентарниот државен секретар во сојузното Министерство за економија и енергетика Томас Барајс и со копретседавачот на Мешовитиот упавувачки комитет за економска соработка помеѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија Хелге Толксдорф.

На средбата, како што се наведува, се разговараше за економската соработка меѓу двете земји, при што вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека СР Германија е главниот економски партнер на нашата земја, со обем на трговската размена од над 3,6 милијарди евра. Во 2018, во споредба со 2017, бележи раст од над 15 отсто отсто. Извозот на производи кон Германија бележи раст од над 17 отсто, а вкупниот извоз во однос на увозот е трипати повисок, при што со оваа земја остваруваме највисок суфицит во трговската размена.

„Соговорниците зборуваа и за активностите во рамки на Мешовитиот управувачки комитет, за интересот од германски компании за инвестиции во индустријата и во енергетскиот сектор. На состанокот е заклучено дека со Законот за финансиска поддршка на инвестициите, односно мерките од планот за економски раст се овозможува сериозна поддршка за индустријата, за технолошки развој и внесување на иновации, а со тоа и повисока конкурентност на економијата во Северна Македонија, додека преку новиот Закон за енергетика се отвораат нови можности за инвестиции во обновливи извори на енергија, со што ќе се придонесе за заштита на животна средина и поголема енергетска независност, се вели во сооопштението од Кабинетот на вицепремиерот Анѓушев.

 

ФОТО:МИА

актуелно германија трговски партнер
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.