Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Анѓушев: Енергетската заедница ја прогласи земјава за шампион во реализација на енергетските реформи
Економија

Анѓушев: Енергетската заедница ја прогласи земјава за шампион во реализација на енергетските реформи

ноември 19, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Енергетската заедница во последниот редовен извештај објавен денеска го нотираша напредокот во имплементација на реформите во енергетскиот сектор во Република
Северна Македонија и ја посочи нашата земја како шампион во спроведување на енергетски реформи.

„Тоа го истакнал вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев при учеството на панелот во Вашингтон „Енергетска безбедност во Источниот Медитеран“, одговарајќи на прашањето како го оценува имплементирањето на реформите во енергетскиот сектор и кој проект би можел да го издвои како клучен во насока на енергетска транзиција и зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори“, соопшти Кабинетот на вицепремиерот.

На панелот, кој се одржа во рамки на Конференцијата на Југоисточна Европа и Источен медитеран „Нови стратегии – нови перспективи“, во организација на Делфи форумот и весникот Катимерини, учествуваа и грчкиот министер за развој и инвестиции Адонис Георгиадис и министерот за надворешни работи на Кипар Никос Кристодулидес.

Анѓушев потенцирал дека усвојувањето на Законот за енергетика во мај минатата година и имплементацијата на сите реформи кои произлегуваат од овој Закон по предвидената динамика носат многу можности за развој на енергетскиот сектор во Северна Македонија, особено кога станува збор за обновливите извори на енергија.

Пред учесниците на панелот вицепремиерот потенцираше дека е успешно реализирана тендерска постапка за изградба на првите 19 мегавати инсталирана моќност од фотоволтаични електрани на државно земјиште.

„Тендерот беше одлично конципиран и условите многу атрактивни за инвеститорите, почнавме со позитивна понуда за премиуми, но со поддавањето меѓу заинтересираните компании, не само што државата нема да исплаќа ремиуми, туку и компаниите за да ги изградат тие фотоволтаични електрани од 19 мегавати ќе и исплатат на државата околу 2,5 милион евра, што е позитивен исчекор во зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори и еден од најдобрите проекти во Југоисточна Европа“, рекол вицепремиерот.

Од аспект на електро-енергетската инфраструктура, како што појаснил, нашата земја е многу добро поврзана со соседните преку осум постоечки далекуводи, а за уште подобро поврзување во тек се процедурите за изградба на уште еден далекувод за електро-енергетско поврзување со Албанија.

„Она што ни недостига е добро гасно поврзување. Во моментов има само една гасоводна цевка за снабдување која доаѓа од Бугарија, при што во голема мерка зависиме од снабдувањето со гас преку Гаспром. Нашиот главен приоритет во таа смисла е изградбата на гасоводен интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција, со кој би се поврзале со Трансатлантскиот гасоводен систем и терминалите за природен гас на брегот на Егејското море“, нагласил Анѓушев.

Тој информирал дека е изработена физибилити студијата и е одредена трасата по која ќе поминува овој гасовод, како и дека е во тек изработка на студијата за заштита на животната средина и основен проект.

Обезбедени се и финансиски средста преку Европската инвестициона банка, што значи дека веќе сме во финална фаза пред објавување на тендерската постапка за изградба на гасниот интерконектор.

„Заедно со Република Грција треба да работиме на овој проект, на тој начин би се
зголемила конкурентноста во снабдување со гас, што значи и сигурност и поповолни цени за крајните потрошувачи“, потенцирал Анѓушев.

Како што стои во соопштението, вицепремиерот истакнал дека Северна Македонија мора да биде и е отворена за секаков вид соработка со другите земји, особено кога станува збор за соработка во енергетскиот сектор.

Се осврнал на имплементацијата на владините економски политики и потенцирал дека изминатиот период се реализирани одлични економски резултати кои се претставени преку намалувањето на невработеноста, покачувањето на просечните плати, растот на
индустриското производство, нивото на странски директни инвестиции, што доведе до раст на БДП од над три проценти во последните пет квартали.

„Нашата земја, но и другите земји во регионот, во поглед на производството на електрична енергија се во голема мера зависни од производството на термоцентралите од јаглен, а согласно новите трендови за заштита на животна средина, потребна е транзиција кон поеколошки капацитети за производство на енергија, користејќи ги
обновливите извори“, рекол вицепремиерот.

„Во тек на конференцијата, вицепремиерот се сретнал и со Вилбур Рос, секретарот за трговија во Стејт Департментот, со Метју Палмер, специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, како и други претставници од политичкиот и економски живот во САД“, се наведува во соопштението.

актуелно Анѓушев Енергетска заедница
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.