Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Анѓушев и Бектеши : Се создаваат услови за зголемување на производството од обновливи извори на енергија
Економија

Анѓушев и Бектеши : Се создаваат услови за зголемување на производството од обновливи извори на енергија

ноември 8, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за економија м-р Крешник Бектеши, учествуваа на јавната расправа, на која беа презентирани предлог текстовите на Правилникот за обновливи извори на енергија и Уредбата за мерките за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија, подзаконски акти кои произлегуваат од новиот Закон за енергетика.

Вицепремиерот Анѓушев истакна дека подзаконските акти кои се презентираат, се обврска која произлегува од Законот за енергетика, усвоен во мај 2018 година, a со кои се деблокираат процесите за изградба на производни капацитети од обновливи извори на енергија, особено за фотонапонски и ветерни централи.

„Со Правилникот се воведува нова категорија корисник-производител, односно се дава можност да секое домаќинство или компанија да стане и производител на електрична енергија. Домаќинствата или малите погони, може да инсталираат фотоволтаични панели, и на тој начин освен што ќе ја користат електричната енергија за сопствени потреби, односно се потрошувачи, ќе може да станат и производители на електрична енергија. Очекуваме голем интерес кај домаќинствата и стопанствениците, со што ќе се придонесе за заштеди во домаќинствата и поекономично работење на компаниите, како и поголема инсталирана моќност во Република Македонија“, нагласи Анѓушев.

Преку Уредбата за мерките за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија се дефинира дека фотонапонските и ветерните централи во најголема мерка од досегашните „Фидиг“ тарифи преминуваат на таканаречените „Премиум“ тарифи.

„Досега постоеше лимит за изградба на фотоволтаични електрани со фидиг тарифи, односно субвенционирани цени, до изградена моќност од 18 мегавати. Откако се достигна лимитот, беше стопирана изградбата на овие централи, веќе неколку години, а сите знаеме дека Република Македонија е земја која што има услови за производство на електрична енергија од сонце. Преку усвојување на подзаконските акти се деблокира овој процес. Државата ќе распишува аукции, на кои секој заинтересиран инвеститор ќе може да учествува, а еден од главните критериуми ќе биде пониската понуда за субвенции од државата. Притоа за да се развива слободниот пазар на електрична енергија, инвеститорите произведената енергија ќе ја продаваат на слободен пазар “, потенцираше Анѓушев.

Владата на Република Македонија веќе има одредени парцели државно земјиште, кое ќе биде урбанизирано и ќе се направат напори да се овозможи приклучок на електропреносната мрежа, а потоа на транспарентен начин ќе се овозможи на сите инвеститори да аплицираат за изградба на фотонапонски централи на овие парцели. За да биде задоволен интересот на сите инвеститори, ќе се распишат аукции и за фотонапонски централи со моќност од 10 мегавати или повеќе, но и за помали централи со моќност од 1, 2 или 3 мегавати.

„На овој начин очекуваме, во наредниве година-две, да бидат изградени фотоволтаици со инсталирана моќност до 200 мегавати, енергија која и е неопходна на Република Македонија“, подвлече Анѓушев.

Министерот Бектеши потенцираше дека Владата силно се залага за промоција на користењето на обновливите извори на енергија и создавање на услови за поголемо вклучување во користењето на овие извори.

„Врз основа на анализите на техничко-технолошките услови, начинот за приклучување и начинот за користење и пристапот на електро-дистрибутивниот систем на оваа јавна расправа понудивме решение со кое домаќинствата-потрошувачи може да произведуваат електрична енергија од обновливи извори на енергија за сопствена потрошувачка, а вишокот да го предаваат во електро-дистрибутивната мрежа. Со ова се дава можност на граѓаните, како и на фирми, кои се мали потрошувачи на електрична енергија и на буџетските корисници да инсталираат соодветни панели и да произведуваат електрична енергија за сопствени потреби“, кажа Бектеши.

Предлогот на текстовите на Правилникот и Уредбата се подготвени од експертска група, во соработка со Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања и Министерството за економија, а со финансиска и техничка поддршка на УСАИД.

актуелно Анѓушев бектеши енергија премиум фидиг
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.