Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Апасиев: Задоволни сме од резултатите на изборите
Македонија

Апасиев: Задоволни сме од резултатите на изборите

октомври 18, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Поставените проекции како цел од страна на Левица, полека се остваруваат, изјави вечерва лидерот на ова политичка партија, Димитар Апасиев.

За разлика од минатите локални избори од 2017 година, истакна Апасиев, на овие избори Левица го задржува епитетот на најбрзо растечко левичарско движење во Европа.

– Имаме 15 пати поголем раст од минатите локални избори и четирикратен раст од парламентарните избори, со што сме единствена партија која што бележи тенденција на раст. Во поглед на пресекот на минатите избори каде што имавме само тројца советници, сега имаме советници во речиси 30-тина општини. Влегуваме со повеќе советници во Скопје, во Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар, Шуто Оризари, Битола, Велес, Богданци, Гевгелија, Делчево, Кавадарци, Куманово, Неготино, Прилеп, Охрид, Кочани итн. Евидентен е растот на Левица, ние сме задоволни од овие избори, тоа беше нашата примарна цел – Левица да влезе во советите, рече Апасиев.

Според него, кандидатите за градоначалници на Левица, секаде се трети и не влегуваат во вториот круг.

– Како партија и раководство ќе правиме анализи каде потфрливме, каде направивме добар скор. Општа тенденција е дека левичарското расположение во Македонија е во нагорна линија. Конечно е завршено долгоочекуваниот процес на пасокизација на СДС, и Левица го зазема сигурно приматот во левиот спектар. Хибридниот режим на Заев, е веќе на завршеток и тоа е добро општо како политика на ниво на држава, изјави Апасиев.

Според него, опозициските тенденции се евидентни и можно е одржување предвремени парламентарни избори по локалните, затоа што, според него, „Заев е веќе дел од буништето на историјата“.

Во одговор на новинарско прашање за тоа дали ќе повикаат да се гласа за некоја партија во вториот круг на локаланите избори, Апасиев истакна дека Левица останува принципиелно на ставот да не коалицинира со ниту една партија.

– Меѓутоа, од општина до општина можни се преговори со опозициските партии. Ќе чекаме да не викнат на преговори. Не исклучуваме преговори, но формални коалиции не верувам дека ќе има. Сепак раководството ќе треба да ја донесе таа одлука. Во следните две недели планираме да свикуваме проширен Централен комитет каде што ќе се испеглаат сите овие прашања и ќе го дадеме курсот на понатамошните наши дејствувања.

Евидентно е проопозициското настроение на народот и мислам дека тој курс ќе го држиме и понатаму, рече Апасиев.

Тој нагласи дека ако евентуално има предвремени парламентарни избори, Левица би одела сами, а постизборно можно е да преговара за состав на Влада.

– Има најави и за една друга опција, односно ново парламентарно мнозинство без избори. Сите опции се отворени. По овој дебакл мислам дека нештата нема да бидат како што беа досега, додаде Апасиев.

Што се однесува до бројот на советници во Советот на Град Скопје, Апасиев истакна дека очекуваат да имаат најмалку петмина, додека на ниво на држава, како што рече, се „во рамки на предвидените некаде 50- 60 советници“.

апасиев избори Левица резултати
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат

мај 22, 2026

Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали

мај 21, 2026

ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра

мај 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.