Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Арсовски: Го анализираме законот, прифатливо припојување на СЈО во јавното обвинителство
Македонија

Арсовски: Го анализираме законот, прифатливо припојување на СЈО во јавното обвинителство

јули 20, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе изнесе конкретни забелешки за новиот закон за јавно обвинителство што го предложи вчера премиерот Зоран Заев откако ќе го анализира, а
прифатливо е“, како што рече денеска партискиот портпарол Димче Арсовски, спојувањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во Јавното обвинителство.

„Со спојувањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во Јавното обвинителство односно со припојувањето, на некој начин со влегувањето, тоа е практично прифатливо и тоа е една од да речам оние можности кои што беа понудени. Во однос на деталите на законот веднаш штом ќе биде анализиран ќе излеземе со конкретни забелешки, бидејќи треба време за целиот закон да видиме колку е поразличен од оној ние што го подготвувавме, колку е поразличен од точките кои беа разговарани на
средбите на преговарачките тимови“, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање на пресконференција.

Во однос на предлогот шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска да го раководи новото обвинителство, Арсовски истакна дека тоа е лична желба на премиерот Заев која за нив е далеку од прифатлива.

Како што посочи, рано е да се разговара кој е прифатлив за такво нешто, а додека да стаса во Собранието новиот Предлог закон, тие ќе се фокусираат на нивниот предлог закон што планираат да го поднесат до Собранието, како и на настојување за разговор за датум за предвремени парламентарни избори коишто сметаат дека сега се повеќе потребни од кога било претходно.

„До моментот додека не излеземе со конечна анализа односно негативни забелешки, позитивни страни на нивниот закон, остануваме фокусирани на изработка односно дефинирање на нашиот. Во моментот кога ќе излеземе со забелешките и негативностите, бидејќи само што почна да се анализира, ќе видиме колку е спротивен, колку е различен,а колку е ист тој закон кој што го има предложено Зоран Заев со нашите ставови, за веднаш потоа да излеземе да понудиме не конечно решение, меѓутоа прилично прифатлив за сите политички партии, а со цел за директен
бенефит на граѓаните и да има неселективна правда во Република Македонија“, рече Арсовски.

Како што рече, вчерашната средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски со лидерот на БЕСА Билал Касами, е една од редовните на кои се разговараат реалните проблеми, но, како што нагласи, не треба да зачуди доколку и во наредниот период се случат и други такви средби.

Арсовски закон јо прифатливо припојување СЈО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот

ноември 5, 2026

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ноември 5, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“

ноември 3, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.