Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Арсовски: Заев се уште не одговори на тврдењата за луксузната хациенда на Халкидики
Македонија

Арсовски: Заев се уште не одговори на тврдењата за луксузната хациенда на Халкидики

октомври 6, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Скопје, 6 октомври 2020

Зоран Заев се уште не излезе да одговори пред јавноста на тврдењата на странските и домашните медиуми дека близок негов и на неговото семејство поседува луксузна хациенда на Халкидики.

Зоран Заев е најскандалозниот премиер, со кој што во регионов за жал наместо да се фалиме со успеси, ние сме познати по неговите скандали.

Уште еднаш јавно прашуваме, бидејќи вчера бевме игнорирани, денес повторно јавно прашуваме дали близок на Зоран Заев или некој од потесното семејство поседува имот на Халкидики, односно луксузна вила која чини неколку милиони и дали Зоран Заев и неговото потесно семејство биле чести гости годинава во оваа вила на Халкидики?

Да појаснам уште еднаш за граѓаните се работи за нова вила за која што излегоа тврдења во медиумите странски и домашни дека ја поседува близок до Зоран Заев, а не онаа која што претходно беше објавена дека ја поседуваат на друга локација исто така на Халкидики.

Имајќи во предвид дека мештаните самите тврдат дека Заеви се чести гости во таа
вила и дека нивни блиски ја поседуваат, зошто Заев не сака да излезе и јавно да проговори на оваа тема туку ја игнорира.

Откако Заев јавно тврдеше дека не поседува фирми и компании во странство, сега според тврдењата на странските медиуми испадна дека поседува не само фирми туку и имот во странска држава.

Уште колку ли ваков имот поседуваат Заеви и нивните блиски фирми до неговото семејство во странските земји?

Почитувани,

Богата мафија на власт, сиромашен народ.

Додека секојдневно гледаме стории по медиумите за жал тажни стории каде што со еден компјутер во просечно семејство се едуцираат по две, три или четири ученици, бидејќи немаат пари нивните родители да обезбедат за сите ученици во семејството компјутери, Заеви се луксузираат во луксузни вили за кои медиумите тврдат дека ги
поседуваат, а тие игнорираат и воопшто не сакаат да проговорат на таа тема.

Тоа е тажната вистина за Република Македонија.

Богата мафија на власт, сиромашен народ кој не знае како да преживее од ден за ден.

Уште еднаш сакам да ги охрабрам медиумите и сите оние кои имаат било каков пристап до информации за имотите на семејството Заеви и нивните блиски фирми, да ги објават, бидејќи се предмет од интерес на јавноста.

Имајќи во предвид дека целото семејство е поврзано со безброј скандали и тендери во Република Македонија.

Новинарско прашање: Во јавноста веќе се обелоденија некои сегменти во однос на извештајот на Европската комисија за Македонија каков е вашиот коментар околу извештајот?

Одговор: Најнапред би сакал да потенцирам дека се уште извештајот не е пристигнат до ВМРО-ДПМНЕ за да може да се разгледа или до било кој од пратениците кои што раководат со ресорните комисии во Собранието, бидејќи тие се нашите претставници во законодавниот дом и веднаш откако ќе го добиеме ние ќе можеме да коментираме во однос на содржината на извештајот.

Затоа не би сакал да шпекулирам или да се водам по основ на натписи во медиумите но морам да потенцирам дека евидентно и јасно е од она што го гледаме во Република Македонија што се случува во државата, а тоа е следното: Зоран Заев, претходно Оливер Спасовски како технички премиер и неговата Влада потполно потфрлија на неколку полиња, корупција, моментално сме најкорумпираната држава можеби во Европа, на ранг на Афричките земји а треба да ги следиме европските земји, во
моментов нема никакво владеење на правото, и во моментов стапката на криминал е повисока од било кога.

Тоа е она кое што може да се прокоментира во однос на владеењето на Зоран Заев, значи потполно потфрламе на најважните сегменти и теми во државата кои што треба
да бидат практично реформирани, од друга страна гледаме дека сеуште спрегата помеѓу Зоран Заев како владетел и правосудните органи кои треба да бидат независни е неминовна и практично Заев команда со правосудните органи.

Новинарско прашање: Коментар за предлог ребаланс на буџетот?

Одговор на новинарско прашање: Бидејќи сеуште не е стигнат ребалансот на буџетот до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, а е поминат во Владата би сакал да искоментирам неколку поенти од самиот предлог ребалансот едноставна причина што и Владата јавно ги обзнани.

Значи буџетскиот дефицит со овој ребаланс е највисок историски и процентуално но и сумарно во однос на сумата, изнесува 920 милиони евра.

Доколку се навратиме на ребалансот кој што се воведе во мај 2020 година пред само неколку месеци, практично кога се носеше и третиот сет на мерки од страна на Владата, тогаш буџетскиот дефицит изнесуваше 750 милиони евра сума.

Од мај до сега дефицитот е зголемен за цели 170 милиони евра што значи дека тоа е истата онаа сума која што Владата ја предвидува за четвртиот сет на мерки практично за кој што сме убедени дека овој ребаланс сега се случува во Владата и во Собранието односно се изработи.

Значи сумата која што чини четвртиот сет на мерки е сумата практично која што изнесува зголемувањето од мај до сега на буџетскиот дефицит.

Уште еден показател дека сите мерки оние првите три сета кој што биле практично
и не се довршени од страна на Владата, кој што биле предложени во изминатиот период не вродиле со плод и не ја закрепнале економијата е самиот податок што тогашната министерка Нина Ангеловска во мај 2020 година предвидуваше БДП односно проекција на економијата од минус 3.4%, сега проекциите на Владата се минус 4.4.% односно 1% во негатива повеќе, што значи да вродиле со плод сите тие три сета на мерки кои што беа предложени немаше сега да биде проекцијата минус
4.4 туку ќе беше над минус 3.4% во позитива.

Но, како што рековме мерките се задоцнети, мерките не се во насока на помош на
стопанството и граѓаните и за жал економијата наместо да биде закрепната и да се спаси во моментов гледаме дека одиме на полошо и напротив економијата сеуште ќе пропаѓа и ќе се распаѓа, со тоа што морам да потенцирам дека може да очекуваме дека наредната година и пораст на јавниот долг за 5-6 може повеќе проценти согласно
мислењата кои што го слушам од експертите, ако сега знаеме дека со овој ребаланс јавниот долг изнесува 59.5%.

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Арсовски Заев луксузна хациенда Халкидики
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување

јуни 8, 2026

Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари

јуни 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.