Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Атанасов: Во земјава се јаде безбедна храна
Македонија

Атанасов: Во земјава се јаде безбедна храна

јуни 7, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во првите пет месеци од годинава извршени се околу 50 илјади контроли за безбедност на храната во земјава и се поднесени две кривични пријави против оператори што го загрозиле здравјето на луѓето со пуштање незбезбедна храна во промет.

Во едниот случај има и доказ за штетна последица кај корисникот, соопшти Зоран
Атанасов, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство која денеска организираше тркалезна маса за првото одбележување на Светскиот ден на безбедна храна.

Оцени дека во земјава се јаде безбедна храна, која се испитува по стандарди на ЕУ зашто и законодавството во оваа област, рече, е усогласено 88 проценти со европското.

Агенцијата изработува посебни програми за присуство на хемиски, биолошки и физички контаминенти и е законски обврзана да прави контроли и тие се постојани во маркетите.

Покрај документација, се земаат и мостри и се носат во лабораторија на
испитување.

„Во Македонија се јаде безбедна храна, а тоа го покажуваат и бројките. Ако во светот вкупно 600 милиони луѓе се погодени со алиментарна интоксикација, односно во просек заболува еден на десет луѓе, во Македонија минатата година се пријавени девет случаи, меѓутоа само во пет е потврден причинителот за труење со храна, а погодени се 173 луѓе во тие инциденти. Ако ги пресметате нив, може да го добиете и процентот“, истакна Атанасов.

Најчести недостатоци што ги откриваат се фалсификување односно кога се употребуваат лажни етикети и се прикажува нешто друго.

Го посочи минатогодишниот случај на измама на потрошувачите со мелено месо за
што беа казнети седум оператори.

Контролата тогаш утврдила дека во свинско или говедско месо се ставало пилешко месо и не било декларирано.

Состојбата на пазарот ја следи и Организацијата на потрошувачи на Македонија од каде што апелираат потрошувачите да внимаваат што купуваат, да ги читаат декларациите и рокот на производите и да реагираат до надлежните во продавниците за да ги отстранат недостатоците.

Особено треба да се внимава на млечните и месните производи кои се најлесно расипливи.

Татјана Тасевска, претставник на Организацијата на потрошувачи, изјави
дека се намалува бројот на приговори за храната.

Заедно со Агенцијата за храна работат на едукација на граѓаните преку едукативни електронски билтени и брошури на одредени теми.

„Од година во година е намелен бројот на приговори на потрошувачи за храната. Се уште тие, главно, се однесуваат на декларациите на производите – дека се нецелосни или нечитливи, се уште се затекнуваат и производи со поминат рок во продавниците. Секако има и приговори за неквалитетни производи што самиот потрошувач може да ги оцени – променета боја, вкус“…, рече Тасевска.

Светскиот ден на безбедна храна 7 Јуни се одбележува првпат годинава откако Обединетите нации донесоа резолуција лани во декември.

Покрај тркалезна маса, денеска во Градскиот трговски центар се организира и
едукативно-информативен настан за важноста на безбедноста на храната.

Атанасов ахв храна
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување

јуни 8, 2026

Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари

јуни 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.