Грчкото Министерство за надворешни работи му порача на државниот министер на германското МНР за Европа, Михајл Рот, „да се воздржи од лекции по историја“ кога ги посетува балканските земји.
„Го повикуваме германскиот заменик-министер за надворешни работи, Михајл Рот, да биде повнимателен кога ги посетува балканските земји, да избегнува да се обидува да дава лекции по историја и да го покаже потребното почитување за чувствителноста на неговите европски партнери“, стои во соопштение на грчкото МНР.
Реакцијата на грчкото МНР следи по изјавата на Рот за време на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, во која рече дека „никој надвор од Македонија и Грција не го сфаќа спорот, кој е сосема апсурден“.







