Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » НЕМА ПОТРЕБА ОД ЗАГРИЖЕНОСТ: Во Македонија нема небезбедни хрватски газирани води и пијалаци
Економија

НЕМА ПОТРЕБА ОД ЗАГРИЖЕНОСТ: Во Македонија нема небезбедни хрватски газирани води и пијалаци

ноември 8, 2023Updated:ноември 8, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Агенцијата за храна и ветеринарство досега нема добиено пријава дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни минерални води и газирани пијалаци.

Од Агенцијата денеска преку соопштение информираат дека се зајакнати инспекциските контроли при увоз на храна од Хрватска.

„Како одговорна институција за безбедноста на храната, ја следиме состојбата со случаите на труење со газирани пијалаци и минерална вода во Република Хрватска. Зајакнати се инспекциските контроли при увоз на храна од оваа земја и доколку се јави потреба, навреме ќе бидат преземени потребните мерки за заштита на граѓаните и од овој тип небезбедни производи“, се наведува во соопштението.

Во Хрватска четири лица се хоспитализирани поради сомнение дека се затруени од газирани пијалоци – три во Загреб и едно во Риека. Полицијата врши увид и зема мостри од спорниот пијалок за понатамошна анализа и истрага.

„Првиот пациент од болницата во Загреб, откако имал поблаги симптоми после консумирање на газиран пијалок, е пуштен дома.

Утврдено е дека има мали ендоскопски повреди на непцето и на горниот дел на хранопроводникот. Вториот пациент нема повреда на хранопроводникот“, изјави Мирјана Калауз, гастроентеролог во загребската болница.

Таа додаде дека и двајцата забележале печење и болка во устата и болка и отежнато голтање, кои се симптоми на „дигестија од корозивни средства“.

Хрватските лекари апелираат до граѓаните доколку испијат затруена течност да не пијат вода, сода бикарбона и слично, туку да одат на лекар.

Хрватскиот завод за јавно здравје ги добил мострите од безалкохолни пијалоци кои санитарната инспекција ги доставила по истрага во кафуле во Риека, каде неодамна му се слошило на едно лице, а резултатите од анализата ќе бидат доставени до Државниот инспекторат.

Експертите тврдат дека е малку веројатно дека се затруени само одделни шишиња газирани пијалоци.

Хрватскиот министерот за здравство, Вили Берош, на новинарско прашање дали граѓаните можат да бидат сигурни, одговори дека тоа во моментов никој не може да го каже и додаде дека најдобро е да се пие обична вода.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Извор: МИА)

актуелно ахв безбедни газирани сокови минерална вода пијалоци
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.