Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » АХВ работи на создавање услови за решавање на проблемот со бездомните кучиња
Скопје

АХВ работи на создавање услови за решавање на проблемот со бездомните кучиња

декември 2, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Агенцијата за храна и ветеринарство активно работи на создавање услови за решавање на проблемот со бездомните кучиња. Испратен е допис  до сите општини кои имаат законска обврска за воспоставување на соодветен систем за контрола на популацијата бездомни кучиња, соопшти денеска АХВ.

„Од страна на официјалните ветеринари се вршат контроли дали локалните самоуправи имаат донесено план и програми за контрола на популацијата бездомни кучиња и во која фаза на реализација се во делот на изградба на прифатилишта за бездомни животни, како најсоодветен систем за контрола на популација на кучиња кој општините имаат законска обврска да го воспостават, наведува Агенцијата.

АХВ појаснува дека со контролите констатирани се неусогласености кај дел од општините и даден е рок за нивно отстранување, по што доколку не се постапи по истите, согласно законските надлежности, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе изрече и законски казни.

Потсетува дека во соработка со Ветеринарната комора и ветеринарните друштва, од септември годинава се спроведува процесот на идентификација на милениците, за што Агенцијата за храна и ветеринарство обезбеди 100 илјади бесплатни микрочипови. Во модулот за домашни миленици во Ветеринарно информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство во моментов се  евидентирани 21.809 миленици, најголемиот дел кучиња.

„Како одговорна институција ги потсетуваме граѓаните дека имаат законска обврска  да ги идентификуваат своите кучиња и мачки со микрочипови и затоа апелираме да ја искористат можноста и тоа да го сторат во рамки на кампањата за бесплатни микрочипирање на милениците, се наведува во соопштението на АХВ.

Донацијата на микрочиповите, додава АХВ, е еднократна, кампањата се спроведува по принципот „Прв дојден, прв услужен“ и ќе трае до 31 март идната година, односно додека не се потрошат набавените количини бесплатни микрочипови.

„Кампањата за бесплатно микрочипирање на милениците е дел од тригодишната стратегија што ја донесе Агенцијата за храна и ветеринарство за да се обезбеди здравствена заштита и благосостојба на животните, да се поттикне одговорното сопствеништво и да се намали бројот на кучињата скитници по улиците низ државава, наведува АХВ.

Агенцијата потсетува дека списокот на ветеринарните друштва со кои Агенцијата има склучено договор за реализација на оваа кампања е објавен на интернет страната на Агенцијата за храна и ветеринарство –www.fva.gov.mk и оти сопствениците на миленици можат да одберат кај кое ветеринарно друштво ќе го микрочипираат својот миленик.

ахв бездомни кучиња услови
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во деновите од викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер

мај 14, 2026

ФЗОМ ја разгледува можноста породилното да се продолжи на 12 месеци

мај 6, 2026

Денеска се одбележуваат 123 години од загинувањето на Гоце Делчев

мај 4, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.