Лидерот на ДУИ Али Ахмети, вчера беше во посета во општина Гостивар, при тоа од локалните структури беше информиран за текот на кампањата за локалните избори, кои ќе се оддржат во недела.
На митингот кој беше оддржан во село Срмново, Ахмети посака изборите да бидат слободни, фер и демократски.
Тој истакна дека постигнувањата во последниве 16 години се резултат на работата на ДУИ.
„Не се прави експеримент со историски процеси, со општествени-политички процеси – изјави Ахмети.
Во врска со досегашната предизборна кампања и понудите пред граѓаните, Ахмети истакна дека тие треба да бидат остварливи.
„Јас не велам дека се е остварено, има уште многу работа да се направи, но човекот треба да има одговорност и достоинство.
„Ова е напишано и Бејта треба да даде одговор за ова после четири години. И јас треба да дадам одговор, бидејкќи стојам зад ова, изјави Ахмети.
Кандидатот за градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта, оценувајќи дека во минатиот мандат во градот и околината се инввестирани околу 40 милиони еура, вети дека предвидените проекти за идните четири години, под негово управување, ќе бидат остварени и надминати.







