Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ахмети: Прашањето за името да се не бирократизира или политизира
Македонија

Ахмети: Прашањето за името да се не бирократизира или политизира

декември 29, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Решавањето на прашањето со името, законот за јазици и односите помеѓу парламентарните политички партии на Албанците во Македонија, беа главни теми на денешната предновогодишна средба на претседателот на ДУИ, Али Ахмети со новинарите.

Во однос на прашањето за името Ахмети рече дека тоа е проблем што бара решение, бидејќи е пречка за нашето зачленување во НАТО и ЕУ.

Според Ахмети, не треба медијаторски пристап во решавањето на овој проблем, туку според него, посредникот Нимиц треба посилно да се ангажира со помош на ОН и сите пријателски држави, а од наша страна зависи како ќе се договори тој компромис и што понатаму.

„Не може да се дозволи ова прашање да се бирократизира или политизира или да се користи прашањето за референдум и можни бескрајни дебати во Парламентот за да се обесхрабри решавањето. Тоа треба да се реши со договор меѓу двете држави и двете влади како што беше во 90-тите години околу привремената референца. Се разбира дека тука треба да учествува и опозицијата за да се надминат разликите и да се ставиме во услуга на иднината, бидејќи минатото на Балканот воопшто е болно и мора да се решава – рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ посочи дека сегашната опозиција е заинтересирана за решавање на спорот со името, а ставот дека се за НАТО и ЕУ го реафирмирале и за време на Конгресот.

„Опозицијата е заинтересирана за решавање на проблемот околу името, но колкави се разликите ќе видиме во текот на овој процес. Без опозиција не може да се реши ова прашање и во тој правец беа и пораките од нивниот неодамнешен конгрес дека се за членство на Македонија во НАТО и ЕУ, а сметам дека тие не се неискусна партија да знаат дека тоа не е можно без решавање на проблемот со името, како и тоа дека приоритет се добрососедските односи и со Софија и со Атина – рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ рече дека комуницирал и со владејачките партии и со опозицијата и смета дека сите се за решавање на ова прашање.

„Како дел од конгресот на ВМРО-ДПМНЕ беше усвоена декларација за подобрување на односите помеѓу Македонците и Албанците за да се тргне предрасудата дека ВМРО-ДПМНЕ е антиалбанска партија – рече Ахмети.

Во однос на можноста за влегување на ДПА во Владата, Ахмети посочи дека имало разговори на оваа тема и дека се отворени за соработка, но оти нема ништо конкретно за влегување на ДПА во извршната власт.

Коментирајќи ги информациите и изјавите дека тој и ДУИ го уцениле премиерот Заев за излегување на Алијансата на Албанците од Владата, Ахмети рече дека не влијаел за тоа лидерот на партијата Зијадин Села да одлучи да излезе од владата.

„Јас тоа би го нарекол самозаминување, а околу тоа дека јас сум го уценувал премиерот Заев со наши излегувања се целосни измислици – рече лидерот на ДУИ.

Околу можноста за враќање на опозицијата во Собранието Ахмети рече дека Владата е отворена за сите кои сакаат да бидат дел од реформите и оти има комуникација меѓу Владата и опозицијата за враќање на опозицијата во Собранието и оти некои закони намерно се одложени, како што е Договорот со Бугарија, законот за јазици.

На денешен ден пред една година се одржа средбата во Тирана во организација на албанскиот премиер Еди Рама. Ахмети рече дека денешната средба со новинарите не е поврзана со оваа годишнина и дека тој состанок во Тирана, што подоцна бил злоупотребен како платформа на Еди Рама или Тиранска платформа, бил свикан само, како што рече, за да се вклучи албанската политички партија што не учествувала на свикан состанок од нивна страна во Скопје. Најави нова средба која треба да ја организира ДПА.

актуелно албанци дуи ЕУ македонија НАТО опозиција парламент
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.