Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ахмети ја повика ВМРО-ДПМНЕ да не се повлекува од дијалогот за СЈО
Македонија

Ахмети ја повика ВМРО-ДПМНЕ да не се повлекува од дијалогот за СЈО

март 24, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска ја повика најголемата опозициска партија да го продолжи учеството во работните групи при Министерството за правда во врска со законот за јавно обвинителство, со кој се решава и судбината на СЈО.

„Имавме средби. Апелирам опозицијата да не се повлекува од дијалогот и да се постигне согласност за доброто на државата, изјави Ахмети, одговарајќи на новинарски прашања пред одбележувањето на 20 години од НАТО интервенцијата во Косово во организација на ДУИ, на кое присуствуваа претседателот на Собранието Талат Џафери и вицепремиерот Бујар Османи, како и поглаварот на ИВЗ реисот ул улема Сулејман Реџепи.

Со став за дијалогот со опозицијата излезе и СДСМ, преку нејзиниот портпарол, Костадин Костадинов.

„Од она што го слушнавме од работните групи дека нема никакво поместување во ставовите, знаете дека позицијата на СДСМ е јасна, недвосмислена и принципиелна, тоа значи дека нема да биде променлива, затоа што тоа е во согласност со препораките од ЕУ, а тоа е обезбедување на вистинска правна држава. За жал најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ, не го поддржува целиот тој процес водејќи се од нивните основни принципи, а тоа е амнестија за криминалите на претходната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски, изјави денеска Костадинов.

На прашањето што ќе прават доколку не се постигне договор со ВМРОДПМНЕ нагласи  дека постои собраниска процедура, во рамки на која пратениците одлучуваат согласно нивното сопствено убедување.

„Верувам дека сите мои колеги во Собранието како пратеници имаат навистина искрени намери воспоставувањето на правната држава во Република Северна Македонија стане пракса. Тоа ние треба да го покажеме, рече тој.

Костадинов во врска со тоа дали имаат почнато разговори со пратениците за добивање двотретинско мнозинство, истакна дека СДСМ е партија која му дава шанса на дијалогот.

„Ред е да разговараме со најголемата опозициска партија, ќе видиме каков ќе биде епилогот од тие средби, да потоа едноставно целиот тој разговор помине во Собранието, истакна Костадинов.

Работните групи на власта и опозицијата во петокот не успеаја да се усогласат околу законот за јавното обвинителство.

Министерката Дескоска по состанокот истакна дека ВМРО-ДПМНЕ го прекршила првиот договор што го направиле – на состанокот во петокот да имаат доставени конкретни амандмани со кои би се подобрил законскиот текст, ако има простор за тоа.

„Наместо тоа, добивме еден материјал во којшто наведоа меѓународни документи коишто наводно не биле имплементирани. Сите документи коишто се наведени во она што го достави ВМРО-ДПМНЕ, а кои се однесуваат на ЈО се имплементирани во овој закон, дел се имплементирани во Законот за кривична постапка, а дел се имплементирани во Кодексот на јавните обвинители. Има и еден документ којшто тие го наведуваат којшто воопшто не се однесува на ЈО, туку се однесува на јавни службеници и во него изрично стои дека тој не се однесува на какви било органи во рамките на судството, изјави Дескоска.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ по состанокот истакна дека на средбата биле наброени три точки за имплементација на 15 резолуции што треба да бидат прифатени во овој закон, а, кои, како што рече, се по меѓународни стандарди.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во четвртокот достави до Министерството за правда три принципи кои ќе инсистираат да се имплементираат во Предлог законот за Jавно обвинителство – целосна имплементација на меѓународните стандарди кои се однесуваат на Обвинителството и на обвинителите, заштита на основните човекови права и независност, неутралност, отчетност, ефикасност и ефективност во борбата против криминалот.

Владејачкото мнозинство очекува законот за јавното обвинителство да биде донесен до крајот на март, односно пред почетокот на кампањата за претседатеските избори. Тоа е и еден од условите за отворање на преговорите со ЕУ во јуни.

актуелно ахмети ввмро-дпмне повика СЈО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.