Баерн нема да ја започне новата сезона без врвен центарфор – прв пик е еден од најголемите голгетери на денешницата, Хари Кејн.
Баварците тргнаа во вистинска офанзива за да ги реализираат своите намери, но нивната прва понуда од 70 милиони евра (со бонуси) Тотенхем категорично ја одби.
Сопственикот на „петлите“, Данијел Леви, познат е како тежок преговарач и ќе се обиде да го извлече максимумот за најголемата ѕвезда на тимот.
Се знае дека Кејн не сакаше да го продолжи договорот и дека следното лето ќе биде слободен играч, па летово најверојатно ќе оди во она царство која ќе плати најмногу.
Покрај Баерн, и Манчестер Јунајтед многу сака да го види Кејн во составот на тимот, а околу него „се плетка“ и Реал…
Со првата понуда од 70 милиони, почна наддавањето.
Според медиумите, Баварците се подготвени да ја подигнат понудата и до „стотка“, но тоа не е гаранција дека ќе победат во оваа трка.







