Тимуе Бакајоко од Монако се пресели во Челзи за сума од 40 милиони фунти, потврди англискиот шампион на својата интернет страница.
„Среќен сум што ќе го носам дресот на еден толку голем клуб. Пораснав гледајќи го Челзи. Потпишувањето на договор со овој клуб за неме е нешто толку природно, бидејќи овој клуб го сакав во детството“, рекол Бакајоко, кој во новиот клуб ќе го носи дресот со број 14.
Бакајоко (22) ја минал младинската школа на Рен, а за првиот тим дебитирал во 2013 година. Една година подоцна се пресели во Монако, со кого минатат сезона ја освои титулата во Франција и играше во полуфиналето во Лигата на шампионите.
За три сезони во Монако, Бакајоко одигра 100 натпревари.