Од денеска балтичките земји и Полска им забранија на руските државјани да влезат на нивна територија, пренесува ДПА.
Сите четири земји повеќе не дозволуваат влез на руски државјани со шенген визи заради туризам, работа, спорт или култура.
Четирите држави дозволуваат исклучоци за оние кои веќе имаат престој во европските земји, за политички неистомисленици и од хуманитарни причини, пишува ДПА.
Заедничката одлука на четирите членки на Европската унија е реакција на руската инвазија на Украина и доаѓа откако повеќето од нив го суспендираа издавањето на визи и дозволи за престој за Русите.
Руските државјани сепак смеат да влезат на нивна територија доколку имаат визи издадени од некои од преостанатите членки на Шенген, кој истекува во понеделник.
Естонската премиерка Каја Калас ги повика другите земји да се приклучат на забраната, која останува контроверзна во пошироката ЕУ.
„Мораме да ги искористиме сите достапни алатки за да ја принудиме Русија да ја прекине оваа војна“, рече таа во саботата.
(Фото: „Еурактив“)