Фудбалскиот клуб Барселона прикажа рекорден приход од дури 914 милиони евра за изминатата сезона.
Каталонците во годината кога ги освоија трофејот во Примера и Купот на кралот, остварија најголема заработка пред се поради трансферот на Нејмар да Силва во Пари Сен Жермен за 222 милиони евра.
Воедно, направија и две големи купувања – Дембеле од Борусија Дортмунд за 105 милиони и Фелипе Кутињо од Ливерпул за 150 милиони.
Од Ноу Камп предвидуваат дека во 2021 година ќе имаат приход од дури една милијарда што најверојатно и ќе го реализираат.
Во новата сезона Барселона веќе потроши 36 милиони евра за францускиот штопер Клемен Ленгле од Севиља, но и уште 40 милиони за бразилскиот играч за врска Греми Артур.







