Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » БАЈДЕН ИЗВИСИ: Навална и Зеленска не одат на говорот на претседателот на САД
СВЕТ

БАЈДЕН ИЗВИСИ: Навална и Зеленска не одат на говорот на претседателот на САД

март 7, 2024Updated:март 7, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Јулија Навална, вдовицата на водечкиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, и првата дама на Украина, Олена Зеленска, ги одбија поканите за претстојното обраќање на претседателот Џо Бајден во Конгресот на САД, соопштија вчера од Белата куќа.

„Навална и сопругата на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, беа поканети како гости на денешниот годишен говор за состојбата на нацијата“, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

„Белата куќа ја покани Зеленска на говорот за состојбата на Унијата, но таа не може да присуствува. Би ве упатила на Украина или кај неа за да дознаете зошто… таа од нас доби покана“, им рече Жан-Пјер на новинарите.

„Навална беше лично повикана од претседателот. Но, не може да дојде. Очигледно би ве упатила на нејзина адреса да ви објасни зошто, но да, беше поканета“.

Од кабинетот на Зеленска претходно изјавија за „Политико“ дека таа не може да присуствува на говорот поради проблеми со распоредот.

„Вашингтон пост“ цитира луѓе запознаени со одлуките на Киев кои велат дека потенцијалното присуство на Навални би предизвикало нелагодност и вознемиреност за Украинците поради изјавите на нејзиниот покоен сопруг дека Крим, кој Москва незаконски го присвои во 2014 година, и припаѓа на Русија.

Весникот објави и дека портпаролката на Јулија Навална изјавила дека нема да може да присуствува на говорот на Бајден поради замор.

Навални, кој важеше за најжесток критичар на рускиот претседател, Владимир Путин, почина на 16 февруари во затвор во Сибир, под се уште неразјаснети околности.

Официјалното обраќање пред двата дома на американскиот Конгрес традиционално му дава прилика на американскиот претседател да зборува за состојбата на земјата и приоритетите за иднината.Ќе се одржи вечерва во 21 часот по локално време.

„Ме избравте да ја работам работата, да изградам економија за доброто на сите, да обезбедам подобар живот за семејствата. Утре ќе ви кажам за нашиот напредок и нашите проекти“, им напиша вчера претседателот на сонародниците на социјалната мрежа „Х“.

Пред Конгресот, Џо Бајден има намера да зборува за неговите инвестиции во инфраструктурата, за одбраната на правата за абортус и за напорите да ги намали цените на лековите и студентскиот долг.

Традиционално долгиот говор, кој минатата година траеше повеќе од 70 минути, исто така, е насочен и на надворешната политика.

Демократот секако ќе ја спомене помошта за Украина, која во моментов е блокирана од републиканските претставници.

Доналд Трамп, кој нема да има церемонијално место во Капитол, пак, вети дека ќе го „коригира“ говорот во живо.

Бајден и Трамп во вторникот победија на прелиминарни избори во нивните партии за претседателски кандидати, па е извесен „историски реванш“ на изборите во ноември и покрај ниската стапка на поддршка за двајцата кандидати.

Единствената која му пркосеше на Трамп во трката на републиканската страна, поранешната амбасадорка во ОН, Ники Хејли, вчера се повлече од кампањата, предупредувајќи го дека ќе мора да ги „заработи“ гласовите на нејзините поумерени поддржувачи, она што го сака и Џо Бајден.

Поранешниот републикански претседател го покани вчера Бајден на дебата „каде било и во кое било време“.

Дебатите вообичаено се одржуваат наесен, во пресрет на изборите кои се закажани за 5 ноември годинава.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото Танјуг/АП – Википедија)

актуелно Алексеј Навални Володимир Зеленски русија Украина Џо Бајден
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.