Американскиот претседател Џо Бајден вчера ја прими третата доза од вакцината против Ковид-19, со надеж дека со тоа ќе им даде силен пример на Американците да ја прифатат дополнителната доза, додека некои од нив допрва треба да ја примат дури и првата.
Во САД, минатата недела беше одобрена третата доза на Фајзер / БиоНТек за сите лица над 65-годишна возраст, оние кои се повеќе изложени на вирусот поради природата на работата и лицата на возраст од 18 до 64 години со фактори на ризик за развивање на посериозна форма на болеста.
Бајден (78) првата доза ја доби на 21 декември минатата година, а втората на 11 јануари, што беше пренесувано во живо на телевизија за да го поттикне населението да се вакцинира.







