Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » БДП годинава ќе се намали за 3,4 проценти, во април пад од 20 проценти на буџетските приходи
Економија

БДП годинава ќе се намали за 3,4 проценти, во април пад од 20 проценти на буџетските приходи

мај 4, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

–  Економската активност во државава годинава ќе се намали за 3,4 проценти како последица од кризата со Ковид -19, а стапката на инфлација ќе има надолна ревизија и ќе изнесува 0,2 проценти, покажуваат денеска претставените проекции за економијата на Министерството за финансии според кои, оценува министерка Нина Ангеловска,  засега работите се одвиваат подобро од очекувањата со попретпазливото сценарио на овој ресор за справување со кризата.

Реализацијата на Буџетот покажува дека во април годинава се остварени буџетски приходи од 14,2 милијарди денари, што претставува пад од 20 проценти споредено со април лани. Даночните приходи во април изнесуваат 7,2 милијарди денари и се намалени за 31 процент споредено со април лани,  а се реализирани придонеси од 5,5 милијарди денари, на исто ниво со ланскиот период. Реализиацијата на другите буџетски приходи (неданочни, капитални и донации)  изнесува околу 1,5 милијарди денари и кај нив има пад од 20 проценти на годишна основа.

-Основното сценарио на Министерството за финансии предвидува забавување на економската активност за -3,4 процент со тоа што ефектите од корона кризата врз економијата, се очекува да бидат најголеми во второто тримесечје, во третото се очекува забавување на контракцијата, додека во четвртото закрепнување на економијата и раст, рече денеска на прес-конференција министерката за финансии Нина Ангеловска.

Официјалните проекции на Министерството за финансии предвидуваат пад на извозната компонета од 16,8 проценти, приватната потрошувачка се очекува да се намали за 3,3 проценти, а бруто инвестиции за 9,6 проценти на реална основа. Позитивен придонес се очекува од јавната потрошувачка за која се проектира раст од 2,7 проценти, а увозот на стоки и услуги пад од 15,8 проценти на реална основа.

Како што рече Ангеловска, со оглед на рестриктивните мерки за заштита на здравјето на граѓаните, запирањето на економските активности или отежнувањето на некои синџири на набавка падот на приходната страна е очекуван. Сепак, укажа, во основното сценарио на Министерството за финансии, таканереченото поповолно сценарио проектираниот пад за април е повисок, односно 40 проценти на даночните приходи. – Ова значи дека имаме подобра наплата за 1,4 милијарди денари во однос на корона проекциите за април, односно нашето разработено сценарио може да се каже дека било поконзервативно или претпазливо, рече Ангеловска.

Приходите по основ на ДДВ се остварени помалку за -43,5 проценти – што, укажа Ангеловска, е и очекувано со оглед на рестриктивните мерки за заштита на здравјето на граѓаните кои беа на сила цел април. Персоналниот данок на доход забележа пад од -11,7 проценти, данокот на добивка забележа раст од 3,6 проценти, акцизите пад од 40 проценти, наплатата на царините е помала за 26 проценти.

Најголемо натфрлање, информираше министерката, има кај данокот на добивка. Од вкупно наплатените приходи од данок на добивка во април кои изнеуваат 1,43 милијарди денари, 790 милиони денари се од уплатен данок на добивка по годишен биланс што е позитивен податок кој говори за успешните резултати на компаниите остварени минатата година.

-Од почетокот на годината заклучно со април наплатата на приходите во буџетот е за 4,9 проценти пониска во однос на истиот период лани. Наплатата на даночните приходи е за 9,1 процент пониска во однос на лани, што најмногу се должи на падот на наплатата на ДДВ за 14,6 проценти. Наплатата на придонесите има раст од 9,2 проценти во однос на минатата година, што е показател дека годината започна одлично со раст на вработеноста и платите. Во растот на платите значајна улога одигра и мерката за поддршка на приватниот сектор за покачување на платите која ја искористија над 22.000 компании и ги покачија платите на над 119.000 вработени, нагласи Ангеловска.

-Вкупните приходи се реализирани во иснос  од 27 проценти согласно планот,  додека вкупните расходи 30,4 проценти. Расходната страна е повисока за седум проценти од почетокот на годината заклучно со април, при што кај реализацијата на капитални расходи има раст од 21 проценти во однос на лани.

-Засега работите се одвиваат како што гледаме нешто подобро од она проектирано сценарио  од страна на Министерството за финансии, што се сметаше како поповоло што е добар знак. Секако ние сме подготвени да одговориме и на најлошото сценарио, но треба да ја имаме предвид и непредвидливоста на ова криза што ја прави тешка за предвидување и проекции, па важно е да бидеме подготвени за секое сценарио во секој момент да одговориме со цел да ги амортизираме ударите врз економијата и да помогнеме и на приватниот сектор и на граѓаниге да го поминат со што помалку последици, рече Ангеловска.

актуелно БДП буџет
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.